27 Ноември, 2024
0.0257

Макстил со инвестиција од 9 милиони евра ќе ја зголеми енергетската ефикасност и безбедноста на производниот процес

Објавено во: Мои пари 18 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Макстил со инвестиција вредна 9 милиони евра ќе внесе значајни промени за унапредување на производниот процес. Потпишан е договор за набавка и испорака на нова кружна странична ножица за сечење лим. Набавката на новата машина е во вредност од 6,3 милиони евра, додека целата инвестиција се очекува да достигне вредност од 9 милиона евра.

Набавката на новата машина, која ќе биде составен дел на погонот Валавница, за Макстил ќе значи оптимизација на производниот процес и зголемување на енергетската ефикасност. Исто така, со примената на оваа нова машина преку поголема автоматизација ќе се постигне највисоко ниво на безбедност, како од аспект на собирање на отпадните челичнипарчиња, така и од аспект на транспорт на истите надвор од просториите на погонот Валавница, кои потоа повторно ќе бидат вклучени во производниот процес при топењето на старото железо во погонот Челичарница. Со целиот процес на примена на новата машина во целост ќе биде запазен концептот на циркуларна економија.

Договорот за набавка на новата машина беше потпишан во Милано меѓу менаџерскиот тим на Макстил предводен од претседателот на ОД Димитар Цветковски, генералната директорка Марија Дуковска-Павловска и директорот за одржување при погонот Валавница, Кирил Стојановски,со менаџментот на групацијата СМС (SMS Group), водечкакомпанија во металната индустрија, со седиште во Германија.

Целиот овој процес на модернизација на опремата во Макстил е во насока на подобрување на квалитетот на финалните производи, намалување на производните трошоци и трошоците за одржување, како и во насока на задоволување на најстрогите барања на купувачите.

Новата машина се очекува да влезе во функција во текот на вториот квартал на 2025 година.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Hisense 65U8NQ: Светлина која зрачи со квалитет

Hisense 65U8NQ: Светлина која зрачи со квалитет

Финале на EPICA за Just Add Coca - Cola и агенцијата Њу Момент

Финале на EPICA за Just Add Coca - Cola и агенцијата Њу Момент

„Фустани со џебови“ на Халкбанк избрана од AmCham за една од најдобрите општествено одговорни практики

„Фустани со џебови“ на Халкбанк избрана од AmCham за една од најдобрите општествено одговорни практики

„Замисли нов свет“, театарски проект инициран од Телеком во соработка со МНТ

„Замисли нов свет“, театарски проект инициран од Телеком во соработка со МНТ

Зима без настинка со Gorenje: Напиток кој секојдневно го зајакнува имунитетот

Зима без настинка со Gorenje: Напиток кој секојдневно го зајакнува имунитетот

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

"ЦРН ПЕТOК" шопинг треска – Како да профитирате од Амазон и eBay?

"ЦРН ПЕТOК" шопинг треска – Како да профитирате од Амазон и eBay?

Шанса за деца од ранливи категории да го откријат ракометот

Шанса за деца од ранливи категории да го откријат ракометот

Иднината на платежните решенија е веќе тука НЛБ Банка, прва банка со онлајн сервис за плаќање преку линк

Иднината на платежните решенија е веќе тука НЛБ Банка, прва банка со онлајн сервис за плаќање преку линк