17 Декември, 2025
0.0688

Макстил: Во вакви неизвесни услови принудени сме да работиме кампањски!

Објавено во: Економија 12 Август, 2013 08:32

Добивај вести на Viber

И покрај профитабилното работење, менаџментот на Макстил се жали на исклучително тешките услови на стопанисување, карактеристични за работењето во првото полугодие оваа година, за кои, како што велат оттаму, во континуитет се одржуваат веќе втора година. Со нето добивка од180.600 евра најголемата челичарница во земјава, Макстил, го заврши првото полугодие. Ако се анализира неконсолидираниот финансиски извештај објавен на Македонска берза, во периодот јануари-јуни годинава Макстил оствари значителен профит за разлика од остварените само 3.350 евра за истиот период лани. Анализите покажуваат дека оперативната добивка на Макстил за првото полугодие е 571.200 евра. Челичарницата инкасираше 30,8 милиони евра од продажба, наспроти острварените 46,6 милиони евра во првите шест месеци лани, што е пад од околу 33%. Од продажба на домашниот пазар во периодот јануари-јуни 2013 година Макстил инкасираше 5,4 милиони евра, наспроти собраните 8,5 милиони евра лани. Пад на продажбата на странските пазари од 33% челичарницата регистрира во овој период, инкасирајќи 25,4 милиони евра годинава. На годишно ниво, Макстил ги намали трошоците за вработените, од 3 милиони евра во првите шест месеци лани, на 2,6 милиони евра годинава. Оперативните расходи пак, изнесуваа 30,3 милиони евра во првите два квартали годинава, за разлика кога лани оваа ставка во неконсолидираниот финансиски извештај на компанијата достигна 46,3 милиони евра. Што го “подјаде“ профитот на Макстил?! Но, и покрај профитабилното работење, менаџментот на Макстил се жали на исклучително тешките услови на стопанисување, карактеристични за работењето во првото полугодие оваа година, за кои, како што велат оттаму, во континуитет се одржуваат веќе втора година. “Во извештајниот период Макстил АД Скопје беше принуден да постави плански производни таргети далеку под неговите реални производни можности и во делот на полуфабрикатите, произведе релативно скромни 48.100,4 тони контилеани флемани слабови, за дури 62,8% помалку споредено со истиот период од минатата година. Кај готовите производи обемот на оствареното производство е 77.047,2 тони што е исто така намалување од 44,9%.Обемот на продажбите во текот на шестте месеци од 2013 изнесува 84.068,7 тони и е 40% помал од истиот период претходната година“, објаснуваат од раководството на компанијата. Причините за ваквите резултати од Макстил ги гледаат во високите енергетски трошоци и други давачки поврзани со енергетските транзитни системи во националната економија, како и во силната поврзаност на кризата во европската економија надополнета со должничките проблеми на земјите членки. “ Постигнатите деловни резултати во извештајниот период беа под силно влијание на споменатите ограничувачки фактори, општата деловна клима на главните европски и регионални пазари и продажните цени на топловаланите лимови на овие пазари кои се во континуирано намалување од една страна, како и  цените на влезните суровини и материјали кои не ја следеа динамиката на намалување на цените на готовите производи, од друга. Компанијата во вакви сложени и неизвесни услови на стопанисување е принудена да работи кампањски со дисконтинуиран производен режим, рационализација на работната сила и редица други зафати за прилагодување, но и да е спремна да одговори на нарачките со краток рок на испорака што  во вакви услови на работење станува производен императив, обезбедувајќи при тоа опстојување на регионалниот и светскиот пазар со цел максимално исполнување на потребите и очекувањата на купувачите, акционерите, вработените и добавувачите и притоа делувајќи како општествено одговорен правен субјект“, додаваат од Макстил. К.П

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас