18 Декември, 2025
0.0867

МАЛ ПРОЦЕНТ НА НАСТАВНИЦИ И УЧЕНИЦИ ОТСУСТВУВААТ ПОРАДИ КОВИД: Наставата продолжува со физичко присуство и со носење маски

Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2022 08:06

Добивај вести на Viber

И покрај многу вирулентната варијанта омикрон, бројот на заразени наставници и ученици со корона вирусот засега е многу мал, оценуваат властите, заради што наставата и понатаму ќе се следи со физичко присуство и со задолжително почитување на сите протоколи, особено носење на заштитните маски.

Во изјава за Фактор, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, д-р Ирина Бухова вели дека стриктно се почитуваат препораките на СЗО и УНИЦЕФ во однос на функционирањето на училиштата.

-Наставата со физичко присуство најважно од се е да се спроведува според зацртаните протоколи, бидејќи според СЗО и УНИЦЕФ училиштата и градинките се институциите кои последни се затвораат и први се отвораат. Со конкретни бројки за заразени наставници и деца располагаат центрите за јавно здравје, но конкретно по увидот во озновното училиште „Лазо Трповски“ во Скопје, каде што увид направија нашите инспектори, утврдено е дека има 6 зарзени наставници и 8 ученици. За двајца од вработените се чекаат резултати, а останатите се отсустни поради други дијагнози. Вкупниот број на отсустни деца во целото училиште е 39, но како што кажав, само 8 не одат на настава заради позитивен тест на корона вирусот. Освен тоа инспекторите на ДСЗИ утврдија дека се почитуваат протоколите за лична заштитна опрема во училиштето, но состојбата и понатаму внимателно ќе ја следат, бидејќи ДСЗИ има надлежност во училиштата, посочува д-р Бухова.

Во однос на тоа што некои од родителите инсистираат децата повеќе да не носат маски, односно тоа да биде избор, кој сака да носи, а кој не сака, да не мора да ја става заштитната маска, д-р Бухова вели дека тоа засега е една од основните антиковид мерки и дека и понатаму мора да остане на сила.

-Од маските не може ништо лошо да им се случи на децата, напротив тие даваат огромна заштита од инфекцијата доколку правилно се носат, вели д-р Бухова.  

Од друга страна, пак, дел од родителите велат дека маските немаат логика, бидејќи има примери каде во одделенијата и покрај носењето маски, за само неколку дена се заразиле со вирусот повеќе од десеттина деца.

И министерот за образование, Јетон Шаќири во вестите на Сител нагласи дека уште е многу рано да се следи наставата без заштитните маски, а според него бројот на отсутни ученици и наставници на дневно ниво е околу 0,02 што не значи дека сите тие се отсутни поради Ковид-19.

Апелираше сите учесници во образованиот процес да ги почитуваат препораките за заштита од Ковид-19 и надвор од училиштата затоа што, како што посочи, според епидемиолошките анкети, има случаи во кои лицата позитивни на Ковид изјавиле дека имале контакт за време на викендот.

Според Комисијата за заразни болести, на последниот состанок носењето маски воопшто и не била една од темите за кои разговарале. Сметаат дека какво било олабавување на мерките сега нема да препорачаат особено поради фактот што опфатот на вакцинација во Македонија е на многу ниско ниво.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери