Maла група ултра богати има пари колку 4 милијарди сиромашни
Објавено во: Економија 23 Јануари, 2019
Во светот, најбогатите 26 луѓе имаат колку 3,8 милијарди сиромашни.
Извештајот на „Оксфам“ покажува дека помеѓу 2017 и 2018 година на секои два дена имало нов милијардер.
Зголемената концентрација на светското богатство е истакната со извештај што покажува дека 26 најбогати милијардери поседуваат исто толку средства колку 3,8 милијарди луѓе. Тие ја сочинуваат најсиромашната половина од населението на планетата.
Во годишна проверка на богатството, објавена за одбележувањето на почетокот на Светскиот економски форум во Давос, развојната добротворна организација „Оксфам“ изјави дека 2018 година беше година во која богатите станаа побогати, а сиромашните посиромашни.
Земјите, пред сè САД, мора соодветно и пропорционално да ги оданочуваат и богатите и сиромашните, да обезбедат универзална и бесплатна здравствена грижа, образование и други јавни сервиси. Оксфам сугерира дека јавните добра како чиста вода за пиење, струја и платеното трудничко отсуство од работа треба да се достапни за сите.
Во извештајот стои дека потрошувачкиот јаз ја попречува борбата против сиромаштијата, додавајќи дека данокот на богатство од 1 отсто ќе се зголеми за околу 418 милијарди долари годишно - доволно за да се едуцира секое дете што не оди на училиште и да се обезбеди здравствена заштита. Тоа ќе спречи 3 милиони смртни случаи.