24 Ноември, 2024
0.0276

МАЛАРИЧНИОТ КОМАРЕЦ ГО ИМАМЕ, СРЕЌА ШТО ЈА НЕМАМЕ БОЛЕСТА: Епидемиологот Стојанов за начините на прскање и заразните болести од комарците

Објавено во: Македонија 20 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Иако Град Скопје најави дека во текот на викендов ќе се врши трета по ред авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, граѓаните ни оваа година немаат мир од овие инсекти. Велат дека дури и во попладневните часови, доколку седат во нивните дворови или на балконите, мора да се заштитат со средства против комарци за да не ги касаат.

-Едноставно не се седи, човек едно кафе не може да испие попладне во 6 часот, трева да се искоси, навистина се напаст. Тоа е огромен проблем. На местото на убодот цели чворови се прават. Ништо не ги спречува, ни средствата, аутан или што и да е, ниту пак облека. И преку облека касаат, велат во скопјани.

Во аптеките, како што потврдуваат за Фактор уште во текот на изминатиот месец, граѓаните почнале да побаруваат средства за заштита против комарци. Оттаму нагласуваат дека овие средтсва во изминатите години најмногу биле трошени во текот на летните месеци, кога луѓето одат на одмор во Грција, за разлика од последниве години, кога многу повеќе ги купуваат токму додека се во Скопје.

-Ги користат за време на прошетки покрај Кејот на Вардар или пак додека се искачуваат на Водно. Таму им се најпотребни, велат за Фактор аптекарите.

Епидемиологот, д-р Алрександар Стојанов посочува дека години наназад Центарот за јавно здравје го набавувал средството против комарци, но сега тоа е во надлежност на Град Скопје, односно Градот распишува тендер и тоа го прават приватни фирми.

-Најефикасно уништување на комарците е со теристичкиот начин, што значи од земја и Центарот за јавно здравје се уште е задолжен за овој начин на прскање, пред се бидејќи располага со апаратите кои се монтираат на возило пик ап. Но, секаде не може да се спроведе тоа, како што е Водно на пример, затоа се прска и со авиони. Многу години порано, средството против комарците се раствораше во нафта, беше многу поефикасно, бидејќи, нафтата лепи на листовите. Но, бидејќи не е еколошки, сега средството се раствора во вода. Пред да почнат овие активности, односно аерозапрашувањето и теристичкото прскање кои треба редовно да се спроведуваат од април, мај јуни, се до септември, па и октомври доколку е топло, се прави ларвицидна дезинсекција, додека комарците се во фаза на развој. Но, бидејќи ваквите активности се навистина скапи, ова често е прескокнувано, вели д-р Стојанов.

Истовремено вели дека во Македонија, одомаќенет е маларичниот комарец „анофелес“, но за среќа како што вели, болеста ја нема.

-Во последниве години во нашата земја е присутен и тигрестиот комарец, иако претходно го имавме само комарецот анофелес што пренесува маларија. Значи векторот, преносителот го имаме, но за среќа ја немаме болеста. Во повоените години, 1945-1946, ова било ендемско подрачје за маларија, затоа и до ден денеска, амбулантата во центарот на Охрид се вика маларична амбуланта. И хигиенскиот завод беше наменет за борба против комарци. Потребни се навистина континуирани активности за успешно сузбивање на комарците, иако не може целосно да се уништат овие инсекти, но барем да им се намали бројот за животот на граѓаните да им се направи полесен. Инаку, секаде каде што има застоени води, тоа се извори на комарци. Голем извор на комарци се Гробиштата Бутел, бидејќи во вазните за цвеќе има застоена вода и прано таму навистина наожавме илјадници гнезда на ларви од комарци. Таму се размножуваат. Што се однесува пак до болестите што ги пренесуваат, тигрестиот комарец кој ни дојде од Грција, ја пренесува западно-нилската треска. Овој комарец во Србија веќе стана ендемски, исто како и во Грција, а најверојатно ќе се одомаќини и овде. Имавме досега неколку случаи со западнонилска треска кои беа „увезени“ од Грција. Симптомите на болестите кои ги пренесуваат комарците се висока температура, треска, болки во мускули, и секако знаат да направат сериозни здравствени нарушувања на целиот организам, посочува епидемиологот Стојанов.

Инаку, во рамки на Центарот за јавно здравје функционира ДДД Служба во чија надлежност е превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Една од нивните активности е и уништувањети на комарци и за целосно уништивуње на овие инсекти кои се штетни за човекот и се познати предизвикувачи на разни епидемии, постојат неколку принципи:

-Ларвицидно третирање, за уништување на комарични ларви, со примена на биолошки и хемиски ларвициди, одобрени од Министерството за здравство - Биро за лекови.

-Адултицидно третирање за уништување на возрасни комарци во места каде што тие се задржуваат (шеталишта, паркови, густо зеленило итн.)

-Терестичка Дезинсекција каде третманите  се спроведуваат со прскање, оросување, замаглување, односно со примена на ЛВ ладна постапка и УЛВ топла или ладна постапка, при што се користат два аеросолни генератори,

-Процесниот пристап започнува во раните утрински часови, од 04 до 06ч, или по можност во вечерните часови од 19 до 21ч, кога и активноста на комарците е максимална.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

ВЕНКО: Нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија

ВЕНКО: Нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија

БЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КРИВА ПАЛАНКА: Почина Борјанчо Мицевски

БЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КРИВА ПАЛАНКА: Почина Борјанчо Мицевски