17 Декември, 2025
0.0609

Малезија се запозна со инвестициските можности во Македонија

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2013 12:45

Добивај вести на Viber

Во најголемата стопанска комора на Малезија, денес беа презентирани условите и можностите за инвестирање и развој на трговските односи со Македонија. Од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот информираат дека се остварени средби со угледни компании на кои се разгледани можностите за организирање бизнис форум на малезиски компании во Македонија. Во Малезија се остварени средби со најугледните компании членки на ова здружение. На средбите се дискутирало за можностите за организирање на бизнис форум на малезиски компании во Македонија. „Релативно непознатиот пазар од овој регион, исто така може да биде добра шанса за извоз на македонски производи. Посветуваме големо внимание на промоција на Македонија во Малезија и овој регион, се со цел добро да ги искористиме сите можности за инвестирање и промоција на извозот ”, изјави директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида. Во април годинава во Малезија беше остварена средба на директорот на Агенцијата за странски инвестиции и македонскиот промотор Тони Атанасовски со претставниците на оваа малезиска комора.    

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје