23 Ноември, 2024
0.0312

Мали луѓе со големи срца: Граѓаните донираат оброци за бездомниците, државата да поработи на случајот

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Поразителна статистика за бројот на граѓани кои дневно не можат да си обезбедат ниту еден оброк. Животот не секој го милува, а човечките судбини се разновидни. Признале или не, ја прифатиле реалноста или не, на улиците во главниот град сликата со бездомници не е за потценување. И додека државата ги подзаборавила, хуманоста на сограѓаните е тука да ја врати довербата дека за сите сонцето еднакво грее. Доказ дека хуманоста не познава граници е здружението “Љубезност” преку кое секој хуман граѓанин, организација и компанија може да нахрани еден бездомник или цело семејство. Тони Станковски кој е еден од иницијаторите за да се роди и заживее хуманата мисија на здружението вели дека граѓаните на Македонија се повеќе од хумани. Тој сепак изнесе фрапантни податоци 21% од населението на Македонија е во ризик на сиромаштија или доколку се претвори во бројки согласно последниот (далечен) попис се околу 450 000 луѓе, наши сограѓани. 


ФАКТОР: Последната хуманитарна акција која ја имавте за донирање на храна за сиромашните беше во Струмица-колку сте задоволни од исходот на акцијата?

Тони: Во минатиот период имавме постојани акции за донирање на храна, облека и останато во Скопје и при тоа ги покривавме потребите на сиромашните во Скопје и околината, но и во останатите градови и села во Македонија. Повремено ни се јавуваа поединци и фирми од другите градови кои ни ги праќаа своите донации по карго или преку збирен транспорт. Овојпат решивме да собирните активности ги спроведуваме и надвор од Скопје, во конкретниот случај во Струмица. Навистина многу сме задоволни од одзивот на граѓаните на Струмица и струмичко, каде што на дело ја покажаа својата несебичност и желба да со свој придонес помогнат на своите сиромашни сограѓани во земјата.

ФАКТОР: Колку досега акциите кои ги организирате имаат позитивен епилог и кај граѓаните ја подигнале свеста – дали доволно се хумани?

Тони: Не сакам да бидам досаден со оваа моја изјава, но морам да ја повторам: После година и половина после првите активности што ги имавме организирано во минатото во една објава на ФБ го напишав следново:  ...„се повеќе мислев дека сме себични како народ, но со текот на времето увидував дека сум во заблуда“.... тоа е така затоа што навистина потребно е време за да изградиш доверба со граѓаните, да се уверат дека тоа што го правиме е искрено и со добра намера, да се почуствуваат сигурни дека тоа што ќе го донираат ќе заврши на вистинското место и нема да се злоупотреби. ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА СЕ ПОВЕЌЕ ОД ХУМАНИ.


ФАКТОР: Имате ли податок колку од населението е во ризик од сиромаштија?

Тони: Официјалниот податок од 2016 год. на Државниот завод за статистика кажува дека 21% од населението на Македонија е во ризик на сиромаштија или доколку се претвори во бројки согласно последниот (далечен) попис се околу 450 000 луѓе, наши сограѓани. Дури и да сме помалку од 2 000 000 население и реалната бројка на сиромашни се евидентира на 300 000 – сепак е голема цифра.

ФАКТОР: Колкав е бројот на бездомни лица кои доаѓаат на организираните оброци од ваша страна?

Тони: Секоја Сабота делиме од 170 до 270 оброци, но и да имаме и 300 или 400 оброци во истиот ден имаме каде да ги поделиме, затоа што има многу бездомни семејства кои не се евидентирани во категорија БЕЗДОМНИЦИ.

ФАКТОР: Треба ли да се работи на случајот и колку институциите покажуваат интерес за категоријата граѓани кои не можат во текот на денот да си дозволат еден а камоли неколку оброци?


Тони: Дефинитивно треба да се работи на едно или повеќе системски решенија за решавање на овој проблем. Во последнава една година институциите се поотворени за соработка и имаат слух за овој проблем. Имаме информации дека се работи во Министерство за труд и социјална политика на низа регулативи, но чекаме да видиме какви решенија ќе произлезат и како пред се ќе се одвива имплементацијата.

ФАКТОР: Дали има интерес од страна на компаниите почесто да се вклучат во хуманите акции и на кој начин тие придонесуваат ?

Тони: Исто така и компаниите во последниов период се повеќе се вклучуваат со донации на производи од својот асортиман или со дирекна набавка на храна и хигиенски средства. Активно се приклучуваат кога имаме настани или собирни пунктови, ни се јавуваат после одржан настан во ресторан или јавна сала со цел да ја донираат вишокот храна, некои се дел и донираат во склоп на трите активни платформи за нефрлање на храна, а со некои и дирекно комуницираме и имаме соработка на седмично или месечно ниво.


ФАКТОР: Како можат обичните граѓани да ве поддржат, кому да се обратат и на кој начин да донираат храна доколку имаат можност?

Тони: Комуникацијата со граѓаните ја имаме на дневно ниво преку нашата ФБ страна „Вистински Дела На Љубезност“, каде што можат да не контактираат и да донираат набавени производи од маркет. Од собраните производи здружението „љубезност“ прави пакети и истите ги доставува до бездомните и социјално загрозените семејства кои се наши корисници на услуги.

ФАКТОР: Дали и на кој начин Град Скопје или некоја друга општина е вклучена во активностите кои вие ги организирате?

Градот Скопје оваа година во следните пет месеци ќе не поддржи во активностите кои се дел од нашата секојдневна работа во правец на помагање на сиромашните граѓани , а во блиска иднина во план е и поголем заеднички проект. Исто така од Септември 2018 започнуваме соработка со уште една скопска општина во делот на ПАТРОНАЖНА СТРУЧНА СЛУЖБА И ТЕРЕНСКА ПОДДРШКА НА СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИ за период од четири месеци и со можност на продолжување за во текот на цела година.


ФАКТОР: Има ли некаква шанса да се реши трајно проблемот од страна на градот - што мислите и кои се вашите пораки до надлежните ?

Ниту најразвиените држави го немаат решено трајно овој проблем, бездомници има и во САД и во Франција и во Англија. Единствено во Данска нема бездомници. Но, тоа не ни дава за право кај нас да не превземаме ништо околу тоа. Имаме голем предизвик пред нас како држава за да се подобрат условите за живот на сиромашните, да се работи во процесот на ресоцијализација и реинтеграција на маргинализираните и да се генерираат работни места. Надлежните треба да ги превземат сите расположливи мерки кои се во нивни домен и да се потпрат и соработуваат со граѓанските организации кои се во сферата, затоа што заеднички можеме да допринесеме повеќе за достоинствен и подобар живот на нашите сограѓани.

Ирена Ставрова

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси