Mали монтажни куќи – Maкедонците ги купуваат за викендички или за живеење?
Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2023 07:31
Македонските граѓани купуваат мали монтажни куќи со површина од 20, 30 или 40 квадрати. Дел од нив ги користат како викендички, а некои и за постојано живеење.
Овие куќи веќе стануваат хит во соседството, според пишувањето на српските медиуми, но се очекува дека и кај нашите граѓани интересот за нив ќе расте со текот на годините. Предности се лесното одржување, затоа што се работи за мал простор. Од компаниите кои ги изработуваат велат дека на клиентите им се допаѓаат затоа што имаат низа предности.
„Им се допаѓа изолацијата и наместо да чекаат неколку години да се изгради куќа, тие клуч на рака добиваат за брзо време. Ги има со различна површина, квадратура. Има интерес од луѓе од различни градови и очекуваме дека тој интерес ќе расте во иднина“, велат од компанија која се занимава со изградба на вакви куќи.
Oд друга компанија раскажуваат дека граѓаните купуваат монтажни куќи, секој според желбите. Некој одбира мала куќа од 40 квадрати, а некој и со површина од 200 квадрати.
„Малите куќи ги земаат за викендици, но и за живеење. Пред месец дена продадовме три, во скопско и во внатрешноста. Луѓето слушаат еден од друг, кога ќе видат дека се убави, очекуваме дека повеќе ќе ги бараат. Тие се од еко материјали, огноотпорни и добро е што за еден месец луѓето добиваат клуч на рака“, додаваат од оваа компанија.
Трендовите се менуваат. Ако до лани малите монтажни куќи ги купуваа за викендици, сега луѓето сè почесто ги бараат за да живеат во нив.
„Вие да сакате куќа да градите нема мајстори, не можете да најдете и тоа станува проблем во Македонија, а овие монтажни куќи се квалитетни, отпорни на земјотрес, имаат добра звучна изолација и луѓето добиваат клуч на рака за 50 дена“, објаснува нашиот соговорник Мартин Маневски.
Инаку, овие монтажни куќи се поприсутни на Запад, но сега стануваат популарни и во регионот. Српските медиуми пишуваа дека луѓето купуваат мали монтажни куќи со цел побрзо да се осамостојат и да имаат свој простор за живот. Шведска е една од земјите каде монтажните живеалишта се застапени во голем број, а истите се атрактивни и во Швајцарија, Германија, Британија и други држави.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




