Малите деца во Србија ќе мора да носат маски
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 17 Декември, 2020
Во Србија децата постари од четири години мора да носат маски. Ова го пишува во Указот на Владата од 15 декември.
„Родителите на малолетни деца, деца со попреченост или нивен старател, се должни да обезбедат децата постари од четири години да носат заштитна маска на јавни места во затворени простории, како и на отворено каде што не е можно одржување растојание од најмалку два метра, а носењето маска за деца е задолжително во патниот и железничкиот сообраќај“, стои во членот шест од Уредбата.
Во последните 24 часа во Србија починале 49 луѓе од коронавирусот, со што вкупниот број на жртви од почетокот на пандемијата досега е 2.482. Досега во Србија официјално се потврдени 282 601 заразен.
Србија неодамна воведе нови рестрикции. За влез во земјата од 20 месецот ќе биде потребен и негативен ПЦР тест.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.