26 Април, 2025
0.0367

Maлите градови се замрени, слободните работни места се бројат на прсти

Објавено во: Економија 01 Август, 2022 07:02

Добивај вести на Viber

Во Ресен, Пробиштип, Кичево и Демир Хисар воопшто нема слободни работни места. Ваква беше состојбата за викендот. Едно слободно работно место имаше во Дебар, и по две во Валандово и Свети Николе, додека во Берово имаше три.

Во Македонија има градови каде воопшто нема слободни работни места или тие се бројат на прсти, ако се суди според податоците за слободни работни места по центри за вработување, кои ги објавува Агенцијата за вработување. Сликата е идентична долго време. Во малите градови има многу малку огласи за вработување.

„Нема работа во Ресен. Откако почна пандемијата стана уште полошо. Локалната економија е на нула, и затоа младите бегаат во Хрватска. Еве јас имам дуќан и цела недела ништо не сум продала“, вели жителка на Ресен.

И другите се согласуваат дека иднина нема за младите, работа нема, и затоа секој бара излез.

„Освен во трговија или работа во кафулиња, друго тешко се наоѓа. Нема развој, младите бегаат од Европа до Австралија. Ова лето имаме дури 60 луѓе кои заминаа да берат јагоди во Англија, но тоа не е решението, ни треба народ овде“, рече Борис од Ресен.

Зоран Кочоски од агенцијата Коузон објаснува дека младите од помалите места бегаат во странство, и не мора да е тоа само работа на брод, туку бараат и каква било сезонска работа. Но, тој го наведува и фактот дека во малите средини, дури и ако некому му треба работник, истиот го бара по пат на лични контакти, со објавување на оглас  на својата страница на социјалните мрежи или на специјализираните портали за огласи. Кочоски вели дека дополнително во лето поретко се бара работна сила, освен ако не се работи за угостителство.

„Според мојата проценка во Хрватска имаме 4.500 Македонци кои работат сезонски. Од крајот на март и почетокот на април кон западна Европа имаме полни автобуси и авиони, а ние немаме толку туристи. Сметам дека во тој период од 300 до 500 луѓе ни заминуваат неделно“, рече Кочоски.

Статистиката викендов покажа дека во Кратово и Крушево има по 4 слободни работни места, а во Крива Паланка се 5. На другата страна на листата, односно на врвот е Скопје со 3.874 слободни работни места, потоа Тетово со 488 и Куманово со 376. Но, од ден во ден состојбата се менува и податоците се ажурираат.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ТРГОВЦИТЕ ДО ТРАМП: Полиците ќе останат празни

ТРГОВЦИТЕ ДО ТРАМП: Полиците ќе останат празни

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ

МЕПСО нема да смее да се продава со новиот Закон за енергетика

МЕПСО нема да смее да се продава со новиот Закон за енергетика

Ерата на отворање молови заврши, ритејл паркови сега никнуваат низ Македонија

Ерата на отворање молови заврши, ритејл паркови сега никнуваат низ Македонија

„ПОВИСОКИ ПЛАТИ НЕ СЕ 500 ЕВРА ПЛАТА, ТУКУ 500 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА“: Пешевски вели, да се подобрат условите за работа во приватниот сектор

„ПОВИСОКИ ПЛАТИ НЕ СЕ 500 ЕВРА ПЛАТА, ТУКУ 500 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА“: Пешевски вели, да се подобрат условите за работа во приватниот сектор

ЦРН ЈУБИЛЕЈ: Германски производител што соработува со Фолксваген престанува со работа

ЦРН ЈУБИЛЕЈ: Германски производител што соработува со Фолксваген престанува со работа