24 Ноември, 2024
0.0267

МАЛИТЕ ХЕРОИ ЌЕ ИМААТ МНОГУ ПОДОБРИ МОЖНОСТИ ВО НИВНАТА БОРБА: Целосно е реновирано одделението за онкологија на Клиниката за детски болести

Објавено во: Македонија 07 Април, 2022

Добивај вести на Viber

По повеќемесечни активности денеска официјално заврши реновирањето на Одделението за онкологија на Клиниката за детски болести во Скопје. Ова е еден од најзначајните проекти кој е реализиран со донација од компанијата „Макстил“, а уште при потпишувањето на Меморандумот, лани во мај, беше посочено дека најмладите пациентчиња, кои се борат со најлошата болест ќе имаат подобри и подостоинствени услови за престој додека трае нивното оздравување, као и подобри услови на нивните родители кои се на Клиниката со нивните деца и воопшто, за целиот персонал кој се грижи за нивното оздравување.

„Сакам од срце да им се заблагодарам на нашите партнери од „Макстил“, кои извршија огромна инвестиција, колку материјална, толку и хумана. Нашите мали пациенти, или како што ние обожаваме да ги викнеме Херои, ќе имаат многу подобри можности во нивната борба, а моите колешки и колеги од Одделот за онкологија идеални услови за работа, бидејќи колку да се трудиме, колку и да дадеме несебичен придонес, технологијата има огромно  значение. Благодарност и до Владата за се што прави за нашата клиника и за здравството во целина, бидејќи кога јавниот и приватниот сектор дејствуваат заедно резултатите се неизбежни. Апелирам ваквиот пример на „Макстил“ да биде следен и од другите компании, се со цел, Клиниката за детски болести да биде што по опремена и нашите деца да се лекуваат кај нас, а не во соседството, нагласи денеска директорката на Клиниката за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова.

Според неа, со реноваторските активности не само што целосно е променет изгледот на одделението, туку и се зголемени капацитетите и значително се подобрени условите за лекување и давање третмани на пациентите.

„Помошта од „Макстил“ со секоја нова донација е се поголема и позначајна. По целосното реновирање на одделот за неонатологија, што, исто така беше голема и значајна донација, како и донирањето на ехо апаратот, ова е веќе трета вредна донација од Макстил за Детска клиника, а и најголема воопшто во здравството кај нас и овој факт покажува вистинска грижа и активен однос на една компанија кон сериозен и реален придонес и помош за јавното здравство, што всушност е бенефит за сите граѓани. Нашата улога во третирањето на младите пациенти, како универзитетска клиника е најголема како најекспертска инстанца, што сега со подобрување и зголемување на капацитетите се зголемува а верувам и резултатите што ќе ги постигнеме, истакна Софијанова.

На претставувањето на највредната донација во здравство досега, беа присутни и премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство Беким Сали

„Иницијатива како оваа од „Макстил“, како деловен субјект да донираат на Клиника што е од суштинско значање за онколошката нега и третман на младите пациенти е повеќе од општетствено одговорно. Зборува за вистинска свесност на една компанија, за својата улога и функција во општеството и заедницата. Примерот на „Макстил“ уверува и дава надеж во свесноста и мотивот на овој сектор да помогнат во јавното здравство кои и покрај врвните специјалисти и нивната експертиза што ја ставаат во функција на пациентите се сеуште предизвик каде сечија помош и интервенција е добредојдена, истакна Беким Сали.

За донаторот целосното реновирање на овој оддел е одговор на потребите за обезбедување современа и безбедна средина за лекување на пациентите кои имаат потреба од онколошки третман.

„Колку и да сакаме овој оддел никогаш да не треба да се употреби, реалноста сепак ни кажува дека и најмалите пациенти заболуваат од онколошки болести и оттука одлуката на Одборот на директори на „Макстил“ да помогне во реновирањето, вели Димитар Цветковски, претседател на Одборот на директори на „Макстил“.

Инаку, во декември 2020 година „Макстил” заедно со неговите волонтери го заврши целосното реновирање на Одделението за неонатологија кој е единствен таков оддел, а беше обезбедена и дополнителна опрема и апаратура.

Анита Буховски

Фото Вангел Тануровски

Во продолжение фотогалерија од реновираниот Оддел за онкологија


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина