МАЛКУ НА БРОЈ, АМА СО ПЛАТИ ЗА ПОФАЛБА: Агенција за пошти го објави финансискиот извештај
Објавено во: Економија 02 Декември, 2025 07:47
Агенцијата за пошти го достави својот финансиски извештај за следната година до народните избраници. Податоците на финансискиот план откриваат дека се планираат повеќе финансии за исплата на платите на вработените, но и дека најголемиот дел од планираните расходи оди токму за ставката плати.
- Агенцијата за пошти тргнувајќи од планираните активности и задачи предвидени во Програмата за работа за 2026 година, изготви Финансиски план за 2026 година во кој е извршена проценка на расходите и приходите потребни за реализација на истите, а во насока на извршување на надлежностите утврдени со Законот за поштенските услуги– се посочува во документот доставен до пратениците.
Во планот е потенцирано дека расходите за плати ги вклучуваат платите на Директорот и вработените во стручната служба на Агенцијата за пошти. Притоа појаснуваат дека планираниот износ на оваа расходна ставка е поголем од планираниот износ во 2025 година за 6,12 отсто како резултат на зголемувањето на износот на минат труд вклучен во платите на вработените (0,5 проценти за секоја година работен стаж), како и поради фактот што во текот на 2026 година, согласно Годишниот план за вработување планирани се нови вработувања и унапредувања во рамките на Агенцијата
Според податоците во планот, вкупните финансии со кои оваа институција ќе располага следната година достигнуваат 41 милион денари или 665 илјади евра.
Од вкупните приходи, најголем дел од расходите се планираат за платите на вработените. По основ на стапката плати и надоместоци на плати Агенцијата испланирала 26 милиони денари или вкупно 422 илјади евра.
Ова значи дека вкупните примања на вработените во Агенцијата се движат над 2 илјади евра. Според податоците објавени на веб страната на агенцијата, во оваа институција работат 16 лица, и кога сумата ќе се подели меѓу нив, грубо бруто платите достигнуваат до 2,2 илјади евра. Сепак, со оглед на систематизацијата на работните места, сосема е очекувано хиерархиски платите да се разликуваат и лицата во врвот да имаат повисоки примања, додека оние подолу на скалата да имаат помали плати.
Меѓу останатите расходни стапки, кои ги планираат првите луѓе во Агенцијата се материјалните расходи, за што се одвојуваат 3,1 милион денари, и тука влегуваат потрошни материјали, енергија, услуги, наемнина... Голема сума се планира и за ставката други расходи од 8,8 милиони денари, и тука влегуваат трошоци за провизии, за дневници за службени патувања, надоместоци на трошоци на вработени, за чланарини, интелектуални и консултантски услуги,
- Поради активностите предвидени во стратешките документи и исполнување на барањата на поштенскиот пазар кој се развива секојдневно, Агенцијата за пошти има потреба од ангажирање на дополнителен стручен кадар кој ќе помогне во извршување на законските надлежности на Агенцијата и одржување на работната ефикасност. Следната 2026 година, Агенцијата ќе спроведе функционална анализа, која ќе биде основа за реорганизација, односно изготвување на нова систематизација на работните места во стручната служба. Функционалната анализа ќе покаже за евентуална можност за воведување на посебен сектор за инспекциски надзор, во насока на поуспешно извршување на една од законскитенадлежности за надзор и контрола на работењето на давателите на поштенските услуги – се посочува во планот доставен во Собранието.
П.О.
Фото: Принтскрин/Икас* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации
Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети





