Мандатарот Груевски молчи, ДУИ без одлука: Ќе се продлабочи ли кризата ако не се формира Влада?
Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2017 09:58
Денес и утре. Токму време остана до кога мандатарот, екс премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски треба да соопшти дали има парламентарно мнозинство и со која партија ќе влезе во коалиција за формирање на нов владин кабинет.
Засега сите опции се на маса и во игра-од тоа до новата влада да ја формираат трагиционалните коалициони партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на Али Ахмети, па се до можни нови избори, кои би биле одржани заедно со локалните, во април оваа година.
Сите разговори за евентуални коалициони партнери се одвиваа далеку од очите на јавноста, а нивните евентуални договори се држат под „велот на тајната“.
И додека дел од ДУИ е за почитување на мајскиот договор дека ќе влезат во коалиција со победникот на изборите, друг дел од таа албанска партија не сака коалиција со ВМРО и Груевски односно со лицџа кои се под истрага на Специјалното јавно обвинителство.
Меѓутоа, доколку Груевски до понеделник не ги соопшти резултатите од разговорите за евентуална коалиција, мандатот за состав на нова влада би требало, според Уставот, да ја добие втората партија која освои најмногу гласови на изборите од 11 декември, а тоа е СДСМ .
Највисоките претставници на ДУИ во вчерашните маратонски разговори не успеаа да ги усогласат ставовите за влез во коалиционата влада со ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски а разговорите ќе ги продолжат денеска.
Рокот за составување на нова влада истекува утре на полноќ
Како и за секоја една работа, политичарите чекаат да дојде 5 до 12 за да донесат одлука, а не ретко досега го прекршија и тоа правило, па ништо не не изненадува ако Груевски не се изјасни за ова прашање.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




