МАНИПУЛАЦИИ И СО ПЛАЌАЊЕТО ПАРКИНГ - ПОЦ предупредува „поставена e лажна Дневна Паркинг Карта“
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2024 11:59
ЈП Паркинзи на Општина Центар ги предупредува граѓаните дека денеска било пријавено оти е поставена лажна Дневна Паркинг Карта (ДПК) при која се злоупотребени дизајнот и логото на јавното претпријатие.
- На неа стои QR код кој треба да се скенира и да се изврши онлајн уплата за истата, а тој води кон веб-адреса која нема поврзаност со ЈП ПОЦ и е со цел преку измама да се извлечат парични средства, информираат од ЈП ПОЦ.
Оттаму ги замолуваат граѓаните да бидат внимателни и доколку забележат ДПК од овој тип веднаш да ги известат. Единствената веб-адреса за онлајн наплата на ДПК на претпријатието е https://users.poc.mk/PayDpk .
Од страна на јавното претпријатие во моментов се преземаат мерки за пријави до надлежните органи и информирање на јавноста со цел заштита на граѓаните.
Можеби ќе ве интересира
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти




