МАПА: Доаѓа „ураган“, целиот свет се плаши од новите соеви на коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 01 Февруари, 2021
Според Светската здравствена организација (СЗО) новиот сој на коронавирусот кој се појави во Британија го има во повеќе од 50 земји, а сојот од Јужна Африка го има во 20 земји, но организацијата реално смета дека бројот е поголем.
Варијантата од Британија има 23 мутации, кои се разликуваат од оние во Вухан во Кина. Еден или две варијанти го прават сојот позаразен, и со тоа ја намалуваат ефикасноста на вакцината.
Сојот кој се појави во Јужна Африка се смета дека е поголема закана за човештвото од оној кој се појави во Британија. Само неколку дена по откривањето, бројот на заразени во Јужна Африка надмина еден милион. Соевите кои се појавија во Јужна Африка и Бразил можат да го намалат ефектот на имунизацијата.
Мутацијата од Амазон може да влијае на имунизацијата. Тој во неделата е откриен во Јапонија. Владата уште во средината на јануари прогласи вонредна состојба на подрачје на Токио каде живеат 37.2 милиони луѓе. Поради ширење на новиот сој, ова ќе биде на сила уште месец дена. Една од двете мутации на Ковид -19 откриена во Бразил веќе ја има и во Британија.
Британскиот и јужноафриканскиот сој ги обиколуваат земјите во Европа, а научниците деновиве открија дека во Германија го има данскиот сој на коронавирусот. За него велат дека полесно го заобиколува одбранбениот систем на организмот. Заболени се два пациенти над 60 години, но не се знае каква врска имаат со Данска. За данскиот сој нема официјални податоци.
СЗО преку лабораториски студии треба да утврди дали новиот сој го менува одговорот на антитела или на ефикасноста на вакцината.
Од Модерна на 25 јануари потврдија дека нивната вакцина е ефикасна и против сојот откриен во Британија. Истото го кажаа и од АстраЗенека. Од Фајзер велат дека вакцината штити и од позаразен вирус.
Mapa: Slađana Đermanović/Nova.rs
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.