МАПА НА ЈУГОСЛАВИЈА: Еве во кои делови имало најмалку писмени луѓе
Објавено во: Балкан 05 Мај, 2017
На интернет се појави мапа на бивша Југославија на која се гледа кои се најкритичните делови кога е во прашање писменоста.
Мапата е од 1931 година, а според неа најмалку писмени граѓани имало во Косово, Босна и Санџак.
Со црвена боја се обележани деловите каде имало најмногу писмени луѓе, а со бело се обележани местата каде имало највеќе необразовани луѓе.
Ако се земат в предвид сите земји кои беа дел од Југославија, Македонија е некаде на средина.
Најписмено било населението во Словенија.