24 Ноември, 2024
0.0305

МАПА ЗА ПРОЦЕНТ НА ИМУНИЗАЦИЈА: Која земја е лидер во Европа?

Објавено во: Свет, Корона Вирус 26 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Aнализата на нова.рс, покажува дека во Европа со вакцинацијата најдобро напредуваше Унгарија, каде што 30 проценти од населението примило две дози.

Земјата е прва во ЕУ која започна да ја користи руската вакцина „Спутник В“, иако Европската агенција за лекови (ЕМА) сè уште не го одобрила тоа.

Во текот на минатата недела, во просек дневно се давале по 94 393 дози, а покрај „спутник“ се нудат и „Синофарм“, „Астра Зенека“, „Модерна“, „Фајзер“, но и малку познатата вакцина од кинескиот производител „CanSino Biologics“. Србија е во иста група со Унгарија, и е обоена на мапата со зелена боја, што значи дека се имунизирани над 20 отсто од жителите. 

Друг добар пример за имунизација во Европа е Данска, која, за разлика од Унгарија, има само две вакцини што се нудат –„Фајзер“ и „Модерна“.  Оваа земја вакцинираше повеќе од 5,8 милиони луѓе, што значи дека вкупно 20 проценти од Данците се имунизирани, а 31,3 проценти ја примиле првата доза.


БиХ, Северна Македонија, Молдавија и Украина, имаат мал процент на вакцинирани, затоа што ниту една од овие земји не го надмина прагот од пет проценти вакцинирани, а на самото дно на табелата е Украина, каде што 2,2 проценти од популацијата примија една доза, а само 0,2 проценти беа целосно вакцинирани. Нешто подобра е Босна и Херцеговина, која достигна еден процент целосно имунизирана и Северна Македонија со 1,8 проценти.

Во Италија се дадени 30.900.385 дози вакцини, а резултатот за имунизација изгледа вака: 35 отсто од граѓаните ја примиле првата доза, а 16,9 осто и двете. Шпанија, која има 3.636.453 пријавени случаи, има скоро ист резултат кога станува збор за вакцинација како и Италија – 34,7 отсто граѓани ја примија првата доза, а 16,7 двете.

Во Шведска двете дози ги примиле 10,8 отсто од населението, а една доза од дури 33,4 отсто. Во Грција вакцинирани се 16,7 проценти од населението, а првата доза ја примиле 33 отсто. 

foto freepik

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФРАНЦИЈА ЈА НАЛУТИ РУСИЈА: Тоа не е поддршка за Украина, туку смртна казна

ФРАНЦИЈА ЈА НАЛУТИ РУСИЈА: Тоа не е поддршка за Украина, туку смртна казна

БУДАНОВ: На списоците за егзекуција има наставници по украински јазик, новинари, научници

БУДАНОВ: На списоците за егзекуција има наставници по украински јазик, новинари, научници

ИРАК E ВО ПАНИКА: Дали Израел се подготвува за напад и на Багдад?

ИРАК E ВО ПАНИКА: Дали Израел се подготвува за напад и на Багдад?

ЗЕЛЕНСКИ – „НА ПОВИДОК Е КРАЈОТ НА ВОЈНАТА“: Еве кога ќе заврши според него

ЗЕЛЕНСКИ – „НА ПОВИДОК Е КРАЈОТ НА ВОЈНАТА“: Еве кога ќе заврши според него

ПОЛОВИНА ЕВРОПА ПОД СНЕЖНО НЕВРЕМЕ: Завеани камиони на патиштата, повредени луѓе низ градовите, прекини во сообраќајот....

ПОЛОВИНА ЕВРОПА ПОД СНЕЖНО НЕВРЕМЕ: Завеани камиони на патиштата, повредени луѓе низ градовите, прекини во сообраќајот....

РАЗЛИКИ МЕЃУ ХИПЕРСОНИЧНАТА И ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛНАТА БАЛИСТИЧКА РАКЕТА: Една е клучна

РАЗЛИКИ МЕЃУ ХИПЕРСОНИЧНАТА И ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛНАТА БАЛИСТИЧКА РАКЕТА: Една е клучна

ВОЕНИОТ СОВЕТНИК НА ТРАМП – ЗАПАДОТ СЕ СООЧУВА СО НАЈГОЛЕМАТА ЗАКАНА ОД 1945: Генералот Кин ја анализира ситуацијата

ВОЕНИОТ СОВЕТНИК НА ТРАМП – ЗАПАДОТ СЕ СООЧУВА СО НАЈГОЛЕМАТА ЗАКАНА ОД 1945: Генералот Кин ја анализира ситуацијата

„ЌЕ ГО ТЕСТИРАМЕ ИСКЛУЧИВО ВО БОРБА“, базата во Полска е приоритетна цел на Русија

„ЌЕ ГО ТЕСТИРАМЕ ИСКЛУЧИВО ВО БОРБА“, базата во Полска е приоритетна цел на Русија

ГЕРМАНИЈА ИМ ДАВА ПАРИ НА МИГРАНТИТЕ ДА ЈА НАПУШТАТ ЗЕМЈАТА: „Одбиени им се барањата за азил, треба доброволно да заминат“

ГЕРМАНИЈА ИМ ДАВА ПАРИ НА МИГРАНТИТЕ ДА ЈА НАПУШТАТ ЗЕМЈАТА: „Одбиени им се барањата за азил, треба доброволно да заминат“