05 Декември, 2025
0.0314

Маричиќ објаснува за Made in Macedonia: Потеклото на производите ќе содржи придавка и фуснота

Објавено во: Економија 10 Септември, 2018 20:30

Добивај вести на Viber

Потеклото „Made in Macedonia“ кај македонските производи ќе се замени со епитетот „македонски“, но и со посебна фуснота на која ќе се добјаснува дека „производот е од Северна Македонија“. Вака е предвидено во трговскиот дел од преспанскиот договор со Грција, објаснува за „Фактор“ Бојан Маричиќ, советникот за европски прашања во кабинетот на премиерот Зоран Заев и технички преговарач со ЕУ. Прашањето околу „мејд ин маседониа“ сеотвори минатата недела кога и премиерот Зоран Заев рече дека Македонија нема да има ексклузивност на ова потекло.

„Познатиот напис „Made in Macedonia“ се заменува со зборовите „македонска конфекција (облека) “, или „македонско вино“, на пример, но, ќе има и посебна ознака дека производот е од Северна Македонија, според она што треба да биде спроведено по ратификувањето на договорот од страна на двете страни, вели Маричиќ.

Лично тој е задолжен за спроведувањето на трговскиот дел од договорот потпишан во Преспа со Грција како стручњак во областа на заштитата во трговското право, односно трговските марки, брендирањето, патентирањето и друго од областа на идстриската сопственост.

Тоа во превод значи дека ако во Македонија се произведени панаталони кои се продаваат надвор, на нив ќе стои дека станува збор за „македонка облека“, а ќе биде додадено дека производот е од Северна Македонија

Инаку премиерот Заев пред три дена потврди дека грчките компании ќе имаат право да го превземат „Made in Macedonia“, но само ако го исклучат „Made in Greece“.

„Ние немаме проблем дали „Мејд ин Маседониа“ ќе пишува заради регионот Македонија или заради нашата Македонија, како држава. Но, оставен е период од три години за да им се даде шанса на бизнисите во Грција да имаат своја определба. Ако одлучат на своите производи да имаат „Мејд ин Маседониа“, тоа кај нив е дискутабилно, зашто го исклучува „Мејд ин Грис“,Ние си остануваме со потекло „Мејд ин Маседониа“ или „Произведено во Македонија“, но верувам дека беше важно да им ја дадеме таа можност за три години да се определат производителите во Грција како сакаат да се декларираат, истакна премиерот.

Александар Кузмановски

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен