Маричиќ: Владата е подготвена да ѝ даде на ВМРО-ДПМНЕ да ги формулира амандманите за Бугарите во Уставот
Објавено во: Македонија 20 Март, 2023 21:04
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на Телма ТВ вечерва изјави дека Владата е подготвена да ѝ даде на ВМРО-ДПМНЕ да ги формулира амандманите за вметнување на Бугарите во Уставот.
Вели дека ако ја пропуштиме шансата за ЕУ годинава, тогаш ќе влеземе во групата со Босна и Херцеговина и Косово. За таа цел, тој најави дека до крајот на 2023 многу официјални лица од ЕУ и пошироко ќе ја посетат Македонија за да им го пренесат тоа на нашите политичари. Идејата, како што кажа тој, е до крајот на годината да се отвори првиот кластер, па затоа е потребно да ги завршиме уставните измени и скринингот.
„Во наредните денови ќе објавиме кои имиња ќе ги поканиме во експертската група за уставните измени. Ќе испратиме и писма до сите политички партии во Собранието да номинираат експерти или личности на кои им веруваат да бидат во таа комисија. Сакаме да покажеме дека нема што да криеме и дека нема тајни клаузули“, рече тој.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на викендов изјави дека уставни измени под бугарски дикатат нема да има. Потребно е внесување на Бугарите во Уставот за Македонија да продолжи по европскиот пат.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




