Добивај вести на Viber
Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ ) Марио Драги, ги охрабри денеска европските влади да направат нешто повеќе за помагање на инвестициите , за да станат поефикасни и да продолжат да ја развиваат конкурентноста , бидејќи, како што рече, само тоа ќе ги намали трошоците за работната сила .
Марио Драги изјави дека економскиот раст во еврозоната од 0,3 отсто , забележан во вториот квартал е позитивен знак , но е тоа само почеток на долг пат на закрепнување. Претседателот на ЕЦБ додаде дека постои подобрување на пазарите, делуумно и како последица на напорите на владите за финансиска консолидација , како и напорите на централната банка во однос на отворените парични операции.
„Еден од начините брзо да се продолжи конкурентноста е да се анализира прашањето за платите " , појасни Драги на конференцијата организирана од Федерацијата на германската индустрија во Берлин, кој додаде дека втор долгорочен пристап е раст на продуктивноста.
„Не гледам на конкурентноста како трка меѓу земјите од еврозоната со победници и губитници" , истакна претседателот на ЕЦБ .