МАРЈАН „ДОКАЗ“ ИТНО ХОСПИТАЛИЗИРАН ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Има проблеми со срцето од петокот вечерта
Објавено во: Македонија 19 Март, 2023 15:49
Денеска од притворот
од истражниот затвор „Шутка“ итно е
префрлен во ГОБ „8 Септември„ Марјан Стаменковски, сопственикот на порталот
„Доказ“. Информацијата за Фокус ја потврдиле од затворот, од каде изјавиле дека
тој е задржан на понатамошно лекување поради поради проблеми со срцето.
Претходно, како што објави Макфакс, поради болку во градите Марјан-Доказ бил пренесен на скопските клиники, односно на Клиниката за кардиологија, од каде вчера на свое барање се вратил во истражниот затвор.
Инаку, Марјан Доказ се гони за две кривични дела – ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, а потоа и уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, злоупотреба на лични податоци, заради што повеќе од еден месец е во притвор.
Директорот на ГОБ „8 Септември“ со детали за неговата здравствена состојба. Во изјава за Фактор вели дека Марјан Стаменковски покажува знаци на кардиомиопатија, но има други проблеми.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




