18 Декември, 2025
0.0328

Маркарт почнува со процесот на вработување

Објавено во: Мои пари 01 Октомври, 2014 14:01

Добивај вести на Viber

Германската компанија Маркарт во Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес во сабота, 4 октомври, 2014 година, ќе го одржи најавениот инфо-ден за вработување. Заинтересираните кандидати можат да присуствуваат на различни сесии од 10:00 до 16:00 часот за да дознаат повеќе за Маркарт како работодавач, како и за конкретни информации за работни места. Вкупно 4 различни оддели ќе бидат претставени во посебни училници и на секој час ќе се одржи кратка презентација на одделите за производство, логистика, квалитет, како и администрација. На крајот, претставник од секој оддел ќе биде на располагање за размена на мислења и одговори на прашања. Понатаму, Маркарт ќе има и училница во која ќе се презентира себеси како компанија и како работодавач. Потенцијалните кандидати можат да добијат драгоцени информации и да ги предадат своите биографии на самото место, доколку се заинтересирани. По Инфо - денот за вработување, Маркарт ќе ги прегледа и оцени биографиите и ќе воспостави контакт со кандидатите кои ги задоволуваат потребните критериуми за да ги покани на интервју. Маркарт во моментов бара таленти. Со нивна помош, германската семејна компанија сака и понатаму да се прошири и да го развива производството на технолошки напредни компоненти за реномирани европски производители на автомобили, велат од компанијата. „Во моментов имаме различни слободни работни места во Македонија. Тоа се атрактивни работни места во интересни полиња кои овозможуваат контакт со нашите странски локации во рамките на една меѓународна компанија. Истовремено ги планираме нашите први обуки во нашите локации во Германија и Романија и бараме мотивирани луѓе кои сакаат и можат да работат самостојно, кои се подготвени да учат и кои ќе го промовираат и предизвикуваат нашето глобално тимско размислување," вели Волфганг Аихер, генерален директор на Маркарт Македонија. Маркарт ќе изгради погон во Велес за производство на пластика и електроника, како и производна лента. За овие оддели и нивните придружни функции, компанијата им нуди нови можности на квалификуваните работници, младите професионалци, дипломираните студенти и лицата кои бараат вработување. „Главниот фокус е на вработување кандидати кои веќе имаат искуство за позициите кои се нудат. Лидерски способности или стручни знаења, на пример во ИТ, како и искуство со SAP, се сметаат за предност, во зависност од позицијата,“ вели Волфганг Аихер. Исто така, постојат многу отворени позиции за поедноставни работни места. Маркарт планира вкупно 500-600 нови работни места во следните пет години. За овој германски автомобилски снабдувач, атмосферата на работното место е најмалку исто толку важна како и квалитетот на производите. Според тоа, Маркарт ќе интегрира сопствена кафетерија во новата фабрика и ќе се потруди да најде можности за превоз на вработените од околината.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?