Добивај вести на Viber
Македонија ќе финансира учество на 6 саемски манифестации за извозниците на вино од Македонија, а финансиски ќе подржи и промоција на македонското вино на таргетирани пазари во ЕУ - Полска, Холандија, Швајцарија и Словенија, како избрани дестинации на европскиот пазар кои имаат голема апсорбциона моќ, а на кои македонското вино не е доволно застапено или има зголемена конкуренција поради што е потребно задржување на веќе постигнатото ниво. Активностите се планирани да се реализираат во соработка со националното здружение Вина од Македонија во периодот јануари-декември 2013.
Владата, како што соопштува, ќе финансира и изработка на маркетинг платформа за препознатливост на Република Македонија како винска земја, и за квалитетот на градинарските производи и овошјето на светските пазари. Ќе бидат финансирани изработка на визуелни симболи, видео клип и маркетинг концепт на кој ќе се базира настапот на странските пазари, со тоа што истиот ќе треба да се разликува по извозни дестинации и за различните земјоделски производи. Пред одржувањето на промотивните настани ќе се обезбеди емитување на видео спотот за рекламирање на македонските производи и најава на македонското учеството преку влијателен медиум во земјите каде што се одржува настанот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: