19 Декември, 2025
0.2454

Марковиќ: Северна или Горна Македонија ќе биде ново име на државата

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2018 06:45

Добивај вести на Viber

Мислам дека според анкетите кои беа правени неодамна, Горна поминува најдобро како предлог ако не се лажам, после кој следува Северна, Илинденска помина релативно лошо како одглас, а најлошо поминува Нова, вели професорот Ненад Марковиќ во Фактор магазин. 

„Мене лично Нова ми е еден од најлошите предлози дефинитивно. Имплицира недостаток на историја, имплицира на недостаток на еден историски легитимитет што дури и за мене персонално да не е проблем, за најголем дел од мнозинството граѓани би било проблем. Мислам дека овие географски одредници на крај ќе пресудат, ќе биде Северна или Горна претпоставувам, затоа што тоа Грците всушност го бараат да се именуваме поинаку од регионот Македонија. Ако се смени таа формула, тогаш најлогично личат Северна или Горна. Дури имаше и блага доза на несериозност за мене лично. Можеби беше само пробен балон, можеби беше начин да се протне ерга омнес решението. А Нова по мене беше катастрофален предлог. Ако веќе мораме да бираме, нормално никој не е пресреќен што мораме да бираме, тогаш мислам дека Северна и Горна звучат географски дистинктивно, и тоа е повторно на линија на дистинктивни елементи иако ги оделуваат државата иако за мене доволно е Република Македонија за да се разликува од самиот регион, но морате да бидете реалисти во политиката, еве се шпекулира за Северна. Она што се преговара не е етничкиот индентитет на етничките Македонци како група во Македонија. Тоа е графата nationality која е генерички израз за сите граѓани на државата во која спаѓаат сите етнички групи. Националност и етнички идентитет се две различни работи“ - вели Марковиќ. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот