08 Јули, 2025
0.0291

Марковиќ за Фактор магазин: Ако не го поддржи договорот, ВМРО ДПМНЕ останува во опозиција уште долго

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2018 10:09

Добивај вести на Viber

„Најдобро би било во наредните неколку денови да се најде решение за договорот со Грција  во Собранието. Дали тоа ќе биде со тајно гласање или ќе се изнајде друг модалитет не би сакал да лицитирам, но од исклучителна важност е да не се одолговлекува финализирањето на процесот со јужниот сосед. Изборите нема ништо да решат или нема ништо супстативно да решат, а голем ризик се за двете најголеми политички партии и ќе изгубиме драгоцено време во неопходноста да направиме еден голем политички маневар кој е неизбежен, а тоа е да ставиме крај на деценискиот спор и да се интегрираме“ , рече универзитетскиот професор Ненад Марковиќ во синоќешното интервју за емисијата Фактор магазин.

Според професорот од Правниот факултет има две алтернативни сценарија. Првото сценарио е  Договорот со Грција да пропадне после што, ВМРО ДПМНЕ ќе остане многу долго во опозиција.

„Со пропаѓањето на референдумот ВМРО ДПМНЕ си купува карта за еден или можеби два мандати полни да ги помине во опозиција.  Второто сценарио е да ги задржат шансите некогаш да станат власт вклучувајќи и Христијан Мицкоски како лидер на ВМРО ДПМНЕ да стане премиер со тоа што ќе најдат модалитет како да го поддржат Договорот со Грција. Независно дали ќе останат  во опозиција или ќе дојдат на власт ВМРО ДПМНЕ ќе мора некогаш да излезе со јасен алтернативен план за спорот со Грција  Ако тој алтернативен план се сведе на тоа дека ние ќе постигнеме подобар договор за името  тоа за  нив ќе заврши како катастрофално  бидејќи до таков  некаков подобар договор нема да може да се најде најмалку за 10 до 15 години со што ризикуваме да останеме изолирани или во најмала рака како држава заборавени од меѓународната заедница, вели Марковиќ.

Марковиќ проценува дека изборите се модалитет со кој сите ќе изгубат за на крај повторно  да се реши со силна меѓународна  интервенција и  некакви непринципиелни кнцесии едни кон други.  

„Затоа е подобро Мицкоски сега да направи компромис и  да претрпи одредена  политичка  штета сега,  отколку бавно да  згаснува како лидер  и да ја влече надолу партијата“ , кажа професор Марковиќ. 

Професорот од Правниот факултет изрази стравување дека по  евентуалните предвремени избори судството ќе биде бесмилосно кон ВМРО ДПМНЕ.

„Македонското судството е врзано со оние кои се на власт. Се плашам дека по изборите може да следува многу силна политичка одмазда ако пропадне Договорот со Грција. Не исклучувам дека може да се забрзаат постапките кои се водат поротив поранешни високи челници на најголемата опозициска партија,  но и да се отворат нови истраги против актуленото раководство на ВМРО ДПМНЕ“ предупреди универзитетскиот професор од Правниот факултет Ненад Марковиќ.   


Г.Ч.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата приведе скопјанец поради подметнување на пожар во Ѓорче Петров

Полицијата приведе скопјанец поради подметнување на пожар во Ѓорче Петров

МВР: Нормализиран e сообраќајот од и кон Блаце

МВР: Нормализиран e сообраќајот од и кон Блаце

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Маж настрада во пожарот во Ѓорче Петров, во Чучер Сандево огнот е надвор од контрола

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Маж настрада во пожарот во Ѓорче Петров, во Чучер Сандево огнот е надвор од контрола

(ВИДЕО) ЦУК: Се појави пожар кај Кучевиште, тој во Чучер Сандево е надвор од контрола

(ВИДЕО) ЦУК: Се појави пожар кај Кучевиште, тој во Чучер Сандево е надвор од контрола

(ВИДЕО) ЧУЧЕР САНДЕВО ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Градоначалникот реагира дека реакцијата е бавна и прашува каде се хермелините

(ВИДЕО) ЧУЧЕР САНДЕВО ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Градоначалникот реагира дека реакцијата е бавна и прашува каде се хермелините

РАЗМИСЛУВААТ ЗА ЕВАКУАЦИЈА НА МЕШТАНИТЕ: Општината Чучер Сандево бара Владата да прогласи вонредна состојба

РАЗМИСЛУВААТ ЗА ЕВАКУАЦИЈА НА МЕШТАНИТЕ: Општината Чучер Сандево бара Владата да прогласи вонредна состојба

АНГЕЛОВ: Паниката не ни помага, нема реална опасност од ширење на пожарот над Чучер

АНГЕЛОВ: Паниката не ни помага, нема реална опасност од ширење на пожарот над Чучер

ИНЦИДЕНТ ВО БИТОЛА: Осомничен пукал кон полицијата, таа возвратила, го повредила и привела

ИНЦИДЕНТ ВО БИТОЛА: Осомничен пукал кон полицијата, таа возвратила, го повредила и привела

Владата го одби амандманот на СДСМ за финансиска помош на повредените во Кочани, објаснија зошто...

Владата го одби амандманот на СДСМ за финансиска помош на повредените во Кочани, објаснија зошто...