19 Декември, 2025
0.0636

Мартинката – нематеријално светско културно наследство?

Објавено во: Мои пари 02 Март, 2014 13:47

Добивај вести на Viber

По повод 'Среќна Баба Марта' и почетокот на месец март , ХАЕМУС - центарот за научно истражување и промоција на културата од Скопје, како и секоја година и оваа година го прослави доаѓањето на пролетта и древната традиција на изработката, дарување и носење на мартинки. Настанот беше проследен со огромен интерес од страна на посетителите, над 300 мартинки беа разделени за помалку од два часа, мајки, баби, дедовци и татковци заедно со своите најблиски уште во 11 часот започнаа да го посетуваат City Kids Club (детскиот клуб во Скопје Сити Мол) и им врзуваа мартинки на своите најмили. Изработката и подарувањето мартинки на најблиските е традиција која во Република Македонија се почитува со стотици години. На овој ден карактеристични црвени и бели висулци, топчиња и исплетени бразлетни познати како мартинки се разменуваат или се поклонуваат на најблиските, и се носат закачени на облеката или врзани од зглобот на раката. Генерално, таа секогаш е со конци од црвена и бела боја меѓусебно испреплетени или исплетени, од кои црвената ја симболизира боја на крвта, а белата на чистотата. Се подарува на 1-ви Март во чест на Баба Марта и се носи околу рака или закачена на облеката се додека расцвета првото дрво. Потоа се закачува на него со желби за сопственото и за добро здравје на своите блиски во тековната година. ХАЕМУС ги почитува мартинките како нематеријално културно наследство и ги негува во духот на традицијата, во сите облици и начини кои би придонеле за нивната поширока промоција. Оваа година настанот под мотото 'Подарете им мартинка за среќа на најблиските' го организираше УНЕСКО клубот ХАЕМУС, во соработка со Скопје Сити Мол, Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија и Институтот за фолклор ,,Марко Цепенков, а се направи како поддршка за мултинационалната апликација до УНЕСКО, во која учествува и Македонија, заедно со Романија, Бугарија и Молдавија. Целта е заштита на мартинките како нематеријално светско културно наследство.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии