МАШКОТО ЗДРАВЈЕ ВО ФОКУСОТ – ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА „ПРОВЕРИ СЕ, ЗБОРУВАЈ, ЖИВЕЈ“
Објавено во: Мои пари 18 Ноември, 2025 14:22
Во организација на Центарот за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација „Неокортекс“, со поддршка на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, се одржа панел-дискусија за машкото здравје под наслов „Провери се, зборувај, живеј“. Пред присутните се дискутираше за физичката и менталната благосостојба на мажите – области што сè повеќе се покажуваат како неопходни за разговор, поддршка и подигнување на свесноста.

Проф. д-р Сотир Ставридис, специјалист по урологија, од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кој беше еден од панелистите, сподели како и зошто редовните самопрегледи и навремената посета на уролог се клучни за здравјето на мажите, но ги претстави и најзначајните информации за тоа кога е вистинскиот момент за преглед на простата и кои симптоми не смеат да се занемарат.

Од онколошки аспект, проф. д-р Дева Петрова, специјалист по онкологија, говореше за ризик–факторите, одредувањето на стадиумот на болеста, неопходните дијагностички процедури, како и современите методи во лечењето на карцином на простата и тестиси.

Модераторот на панелот, м-р Ивана Хаџиванова, психолог и психотерапевт во „Неокортекс“ и Клиничката болница „Аџибадем Систина“, ја насочи дискусијата кон најчувствителните, но и најзначајни аспекти на машкото здравје, создавајќи безбеден простор за отворен дијалог и искрена поддршка. Клучни теми што беа опфатени на панелот беа менталното здравје кај мажите и тишината што мора да се слушне – препознавање и изразување на стресот, анксиозноста и емоциите, подигнување на свесноста за редовни прегледи и самопрегледи, стравот од преглед, како да бидеме поддршка еден на друг – градење култура на охрабрување, искрен разговор и меѓусебна грижа.Исклучително значајно беше тоа што отворено и стручно се проговори и за една од најчувствителните, но често премолчувани теми во машкото здравје – еректилната дисфункција. Панелистите ги објаснија мултифакторијалните причини, современите третмани и практичните препораки, нагласувајќи дека навременото барање стручна помош е клучно за подобрување на здравјето и квалитетот на живот.
Особено силен момент беше споделувањето на личното искуство од инфлуенсерот Кристијан Станковски – Бомбакис, кој искрено говореше за борбата со карциномот и патот до целосно излекување. Пред присутните, совети за важноста од редовната физичка активност сподели м-р Даниел Трбогазов – фитнес-тренер.
Панелот за машкото здравје уште еднаш ја потврди потребата од отворен разговор, редовни прегледи и заемна поддршка во машката популација.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





