05 Декември, 2025
0.0317

МАСИТ 2.0 – „RECODE REALITY“: РЕДЕФИНИРАЊЕ НА УЛОГАТА НА ИКТ ВО МАКЕДОНИЈА

Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2025 15:49

Добивај вести на Viber

Годинешната конференција на МАСИТ под наслов „Recode Reality“, што денеска се одржа во Скопје, ги отвори најактуелните глобални и локални теми од ИКТ-секторот – од развојот и импактот на вештачката интелигенција до модернизацијата на дигиталната инфраструктура, сајбер-безбедноста, финансиските иновации и иднината на образованието во технологијата.

Во своето излагање, Магда Јиану, менаџер за југоисточна Европа на Palo Alto Networks, ги претстави главните предизвици и решенија во областа на сајбер-безбедноста, особено во контекст на забрзаниот развој и интеграција на вештачката интелигенција.
На панел-дискусијата посветена на тоа како ВИ веќе го трансформира ИКТ-бизнисот во Македонија, учествуваа: Петар Ниновски основач на Бреинстер, Благица Трпезановска извшен директор на Kuehne+Nagel Macedonia, Иво Павловски, Кеативен директор на Division и Тони Јанкуловски Директор за развој и иновации во Дајнерс.
Панелот привлече исклучителен интерес и интеракција од присутните, со јасни заклучоци дека ВИ веќе ја менува структурата, динамиката и потребните вештини во секторот.

За клучната улога на човечките ресурси во процесите на дигитална трансформација говореше гостинот од Амроп Србија, Милош Ѓурковиќ, кој посочи дека компаниите не можат да напредуваат без систематски развој на талент и менаџмент на промени.
За образованието поврзано за ИКТ како и за темата „Кој ќе ја кодира иднината?“, директорката на Авенга Академи и член на Управниот одбор на МАСИТ, Весна Ивановска, разговараше со министерката за образование Весна Јаневска, како и со деканите Петре Ламески (ФИНКИ) и Благој Ристевски (ФИКТ). Разговорот се фокусираше на потребата од современи образовни модели и системско градење кадровска база во технологијата.

Посебно внимание привлече излагањето на италијанскиот експерт Пјетро Марини, Директор за иновации во Deltatre Innovation Lab, кој го отвори прашањето за иднината на бизнис моделот на спортските и медиумските права. Тој предупреди дека долгогодишните традиционални модели на стабилност се разнишуваат, со што се отвора дилема за одржливоста на целиот екосистем.

На панелот за бизнис вредности базирани на квалитетни податоци говореа: Филип Петровски, директор на Дата Мастерс и заменик претседател на УО на МАСИТ, Беркан Имери, извршен директор на Халкбанка, Александар Манев, генерален директор на Кроација – друштво за неживотно осигурување и Михајло Борозанов, главен финансиски директор и член на УО на Макпетрол.

Конференцијата беше затворена со панел за финансирање на иновациите, на кој учествуваа: Горан Ковачев, Директор на фонд за енергетска ефикасност – Развојна банка на Македонија, Мухамед Хаџипази, извршен директор на Халкбанка, Иван Чорбев, Европски институт за иновации и технологии и Боро Јакимовски, DigitMak.
Темата на конференцијата „Recode Reality“ претставува повик да се преобликува улогата на технологијата: не само како алатка, туку како двигател на економски, институционални и општествени промени – како сила што ја моделира иднината.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници