Маск повеќе не е најбогатиот човек во светот, симнат е од престолот од неговиот ментор и основач на Oracle
Објавено во: Економија 11 Септември, 2025 06:39
Маск повеќе не е најбогатиот човек во светот, симнат е од престолот од неговиот ментор и основач на Oracle
Американскиот технолошки милијардер Лари Елисон го престигна Илон Маск и стана најбогатиот човек во светот откако акциите на Oracle, компанијата што ја основа, скокнаа во раното тргување во среда.
Богатството на Елисон скокна откако компанијата, во која тој поседува 41 процент, објави подобри од очекуваните финансиски резултати.
Акциите на Oracle пораснаа за повеќе од 40 проценти во раното тргување на 340 долари по акција, проценувајќи ја софтверската компанија на 958 милијарди долари, а уделот на Елисон на 393 милијарди долари, нешто над богатството на Маск од 384 милијарди долари, според индексот на милијардери на Bloomberg.
Ова е најголемиот скок на акциите за еден ден во историјата на компанијата и најголемото зголемување на богатството за еден ден некогаш забележано на индексот на Bloomberg. Двајцата сега се убедливо пред основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, и основачот на Амазон, Џеф Безос.
Елисон има и други извори на богатство, вклучувајќи удел во производителот на електрични автомобили Тесла, каде што Маск е извршен директор, тим за едрење, тенискиот турнир Индијан Велс Опен и остров на Хаваи, објавува Блумберг.
Маск, честопати во конфликт со разни личности од светот на бизнисот и политиката, има блиски односи со Елисон - кој често се опишува како ментор на јужноафриканскиот претприемач.
Елисон беше во одборот на Тесла од 2018 до 2022 година и инвестираше 1 милијарда долари во аквизицијата на Твитер од страна на Маск, сега X.
Елисон е исто така поддржувач на Доналд Трамп и се појави заедно со него во Белата куќа во неколку наврати, вклучително и на лансирањето на проектот „Ѕвездена порта“ вреден 500 милијарди долари за развој на инфраструктурата за вештачка интелигенција во САД.
„Оракл“ сочинува најголем дел од богатството на Елисон, а неговата вредност е зголемена поради побарувачката од компаниите за вештачка интелигенција за неговите „кауд“ услуги , кои обезбедуваат компјутерски капацитет за фирми како „ОпенАИ“, креаторот на „ЧетГПТ“, на кои им се потребни огромни центри за податоци.
Маск, извршен директор на „Тесла“ и сопственик на „СпејсИкс“, првпат стана најбогат човек во светот во 2021 година, пред Џеф Безос да ја преземе титулата, а потоа i францускиот тајкун за луксузни стоки Бернар Арно.
Јужноафриканецот ја врати титулата минатата година, но нешто повеќе од 300 дена подоцна повторно го отстапи местото - на сега 81-годишниот Елисон.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија





