МАСКИТЕ ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОР ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДАТ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ: КЗБ соопшти ваква препорака, но остануваат четири места каде што ќе мора да се носат
Објавено во: Македонија 06 Април, 2022 13:48
Комисијата за
заразни болести по својот редовен состанок денеска соопшти олабавување на две
антиковид мерки. Претседателот на советодавното тело, д-р Александар
Петличковски изјави дека по процена на епидемиолошката состојба, условите им
овозможуваат за намалување на дел од рестриктивните мерки кои се во насока на
спречување на ширењетоп на корона вирусот.
-Првата препорака се однесува на укинување на задолжителното носење маски во затворен простор. Тие повеќе нема да мора да се носат, освен на четири места, а тоа се здравствените установи, домовите за стари лица, аптеките и јавниот превоз. Значи таму и понатаму важи мерката задолжително носење маска. На сите останати места може да се носат само по желба, ако некој сака. Втората препорака се однесува на следењето на контактите на заразените со ковид-19. Препорачуваме укинување на епидемиолошкото следење на контактите, а со тоа и укинување на мерката за изолациоја на контактите, изјави д-р Петличковски.
Тој уште еднаш посочи дека Комисијата за заразни болести ја проценува епидемиолошката состојба во земјата и препорачува постепено укинување на рестриктивните мерки.
-Не сакаме наеднаш да се соочиме со зголемен ризик. Овие препораки ги препраќаме до Главниот кризен штаб, истакна претседателот на Комисијата за заразни болести.
По одлуката на Кризниот штаб, за овие препораки ќе одлучува Владата на седница.
А. Б.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




