16 Декември, 2025
0.3041

Масовна измама на туристи во Турција

Објавено во: Свет 29 Август, 2014 12:00

Добивај вести на Viber

Повеќе стотици туристи кои наседнале на лажни хотелски интернет страници на туристички агенции од Анталија, уплатувајќи им пари за лажна резервација на престој.

Хотелите кои се најдоа на мета на преварантите тврдат дека вкупниот украден износ достигнува околу пет милиони турски лири, што е околу 1,7 милиони евра.

Според пишувањата на турските медиуми, агенцијата која работела под иметот ТТМ Туризам на страницата  www.tatilmanya.com, измамила стотици потенцијални клиенти кои поверувале во ефтините понуди на летување. Здружението на патнички агенции на агенцијата од Анталија и ја одзело дозволата за работа, а во таа агенција која посредува од 2008 година, велат дека немаат врска со измамата, тврдејќи дека некој им ја хакирал интернет страната.

Клиентите, пак, тврдат дека агенцијата составила лажни страници на познати и популарни хотели на дестинации како што се Бодрум, Анталија Кемер. На интернет страниците со понудата на хотелот се наведени и броеви на телфони на хотелски службеници, кои одговарале на повиците на клиентите и ги известувале дека резервциите се во тек, па гостите за престојот уплатиле онлајн.

Клиентите преку електронска пошта ги добиле сите патни документи - ваучер и договор кој ја потврдува резервацијата. Меѓутоа, само неколку дена пред тргнување клиентите по телефон ги известиле лажни хотелски работници дека нивната резервација е откажана, објаснувајќи им дека примиле приговори од гости поради тровење со храна и дека парите ќе им бидат вратени во рок од 14 дена, што секако не се случило.

Можеби ќе ве интересира

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица