18 Декември, 2025
0.0430

МАСОВНИТЕ ПРОТЕСТИ ВО ШРИ ЛАНКА ПРЕМИНАА ВО МАСОВНА ЖУРКА: Илјадници гневни демонстранти се забавувааат во базенот во претседателската палата

Објавено во: Свет 09 Јули, 2022 14:43

Добивај вести на Viber

Илјадници демонстранти упаднаа во резиденцијата на претседателот на Шри Ланка во главниот град Коломбо. Народот со месеци протестира поради најголемата економска криза што ја зафати оваа земја од осамостојувањето.

Демонстрантите ги пробија полициските блокади и упаднаа во резиденцијата на претседателот во главниот град Коломбо. Во петокот, претседателот Готабаја Рајапакса беше отстранет од службените простории заради своја безбедност, велат извори од Министерството за одбрана.

Демонстрантите носеле шлемови и држеле знамиња од Шри Ланка кога упаднале во претседателската резиденција, пренесува британски „Ројтерс“. За време на директниот пренос од Фејсбук, стотици демонстранти можеа да се видат во ходниците и просториите на претседателската резиденција кои извикуваа слогани против претседателот Раџапакса.

Засега е потврдено дека се повредени најмалку 21 лице, меѓу кои и двајца полицајци. Силни полициски сили се уште се на терен и наводно користат водени топови за да ја растераат толпата.

Откако упаднаа во претседателската палата, протестантите открија и голем базен. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како маса луѓе, главно од помладата генерација, го заменуваат народното востание со забава на базен. Мажите скокаат, пливаат, се прскаат...


ФОТО: EPA/CHAMILA KARUNARATHNE



Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“