18 Декември, 2025
0.0684

МАТЕМАТИКА, ГЕРМАНСКИ: Учениците бараат дополнителни часови, но со годините се јавува проблем...

Објавено во: Економија 09 Септември, 2025 07:49

Добивај вести на Viber

Учениците бараат дополнителни часови по странски јазици и математика. Цените на часовите се од 600 денари па нагоре. Приватни часови најчесто бараат децата кои покажале слаби резултати на училиште, но и оние кои се особено талентирани и се спремаат за натпревари.

„Почнуваат да бараат приватни часови по математика. Јас работам со студенти, а основци и средношколци имам ретко. Цените за основци кај мене се 700-800 денари, а за студенти цените се движат од 1.000 до 1.500 денари за 60 минути. Во септември, февруари и јуни има најголемо побарување за часови од студенти. Некои и во текот на годината бараат часови. Има и опција за онлајн часови, но сепак, физичкото присуство е подобро. Најчесто земаат од 5 до 10 часа. Има и млади што се спремаат за натпревари и тие бараат дополнителни часови. Зборувам за талентирани деца. Некои плаќаат и месечно. Мислам дека тешко се наоѓаат добри професори по математика. Парите се добродојдени за домашниот буџет, но се чувствувам и преморено.  Со талентираните деца е полесно да се работи, иако се тешки задачите, а со слабите ученици е најтешко, затоа што по 10 пати едно исто го повторуваме“, вели професорка по математика од Скопје.  

Дел од учениците пред писмените задачи земаат дополнителни часови по математика.

„Бараат дополнителни часови пред писмени работи, пред тестови. Два часа блок држиме, а некој ако има повеќе материјал за совладување, бара повеќе часови“, вели Мери Спиркоска, професорка по математика од Прилеп.

Професорка по физика од Битола објаснува дека за разлика од пред 10 или 15 години, сега потребата од дополнителни часови по овој предмет е драстично намалена поради повеќе фактори.

Германскиот јазик важи за тежок за совладување, а многу млади луѓе го учат не само за повисока оценка на училиште, туку и за иселување.

Сепак, според професорите со текот на годините, се намалува бројот на квалитетни кадри кои ќе им бидат на располгање на учениците. Една од причините е иселувањето од државата. 

Има многу ученици, не е само за да го совладаат јазикот за настава, туку им е важно да го научат за иселување. За тестови учат, ама за селење. За германскиот јазик треба многу внимание да се посвети и многу комуницирање. Комплет и граматиката и комуникацијата се битни. На идивидуален час може повеќе да се научи за разлика од учење во група“, вели Наташа Николова, професорка по германски јазик.

Дел од професорите по германски јазик веќе ја напуштиле или ќе ја напуштат Македонија.  На интернет има многу огласи за часови по германски, англиски, француски, хемија, биологија и друго.

Ученици од Македонија претходно покажаа слаби резултати натестирање по математика и природни науки. Од вкупно 58 држави, учениците од Македонија испитувани на меѓународното ТИМСС (Trends International Mathematics and Science Study) тестирање, се на 44 место во математичка писменост и 47 место во природни науки. Тестирањето е спроведено во 2023 година.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје