Проф.д-р Зоран Матевски, Институт за социологија, Филозофски факултет, УКИМ Скопје
Матевски: Религиските чувства на верниците се злоупотребуваат за да конфликтите добијат на интензитет

Објавено во: Македонија, Интервјуа 19 Јуни, 2024 07:30
Од денес до недела во Струмица ќе се одржи втората Светска конференција за Религиски Дијалог и Соработка на која учество ќе земат над 60 најеминентни претставници од 22 држави од сите континенти кои се занимаваат со феноменот на религијата. „Испреплетеноста на дејствувањето на религиската и политичка елита води кон етно-религиска мобилизација која фрла прав во очи дека се работи за религиски конфликти“, вели за Фактор, универзитетскиот професор Зоран Матевски, директор на Центарот за 4интеркултурни студии и истражувања и додава ваквите грандиозни научни настани се корисни и за МПЦ-ОА која од една страна треба да се модернизира, а од друга страна треба да ги чува основните вредности на православното Христијанство, со што ќе даде директен придонес во борбата против Христијанскиот фундаменталзам.
Фактор: Во Струмица стартува 2-та светска конференција за меѓурелигиска толеранција и соработка, што може да се очекува, колку учесници ќе има, од каде?
Матевски: На втората Светска Конференција за Религиски Дијалог и Соработка учество ќе земат над 60 најеминентни претставници од 22 држави од сите континенти кои се занимаваат со феноменот на религијата (социолози на религија, историчари на религија, антрополози на религија и психолозу на религија). Сите тие ќе ги претстават резултатите од најновите научни истражувања поврзани со односот помеѓу религијата и политиката или црквата и државата. Имено денес во научниот свет постојат спротиставени мислења дали секуларизацијата е мит или стварност. Преку презентациите и дискусиите ќе се обидеме да одговориме на бројните дилеми поврзани со оваа проблематика.
Фактор: Со оглед на фактот дека живееме во време каде имаме неколку отворени воени комфликти, колку преку размена на мислења и искуства на претставниците на различни религии и култури, може да се покаже дека преку дијалог и активна заложба светот може да се смени?
Матевски: Една од клучните причини за конфликтите во светот е религиската исклучивост (која покрај политичките, економските, демографските и моралните проблеми), дефинитивно е најголем проблем кој го тресе светот бидејќи тој води кон религиски екстремизам и тероризам. Испреплетеноста на дејствувањето на религиската и политичка елита води кон етно-религиска мобилизација која фрла прав во очи дека се работи за религиски конфликти. Всушност религиските чувства на верниците се злоупотребуваат за да конфликтите добијат на интензитет. Освен тоа одредени преставници на религиската елита ги первертираат основните теолошки вистини на светите книги на најзначајните глобални светски религии. Затоа денес во рамките на религиската ситуација во светот го имаме феноменот на Христијанскиот Православен фундаментализам имплементиран преку Руската Православна Црква. Тој се надоврзува на Исламскиот, Будистичкиот и Протестантско Христијанскиот фундаментализам и максимално ги комлицира општествените односи од религиски и гео-политички аспект.
Фактор: Колку вакви собири се значајни за предизвиците на Македонската црква?
Матевски: Ваквите грандиозни научни настани се корисни и за МПЦ-ОА, за да види кое се резултатите од научните стражувања поврзани со улогата на религијата во глобално време. Освен тоа во Македонија и Балканскиот регион постои целосна испреплетеност на дејствувањето на црквата и религијата, што води кон профанирање на религиската елита од една стана, а сакрализирање на политичката елита од друга страна. МПЦ-ОА од една страна треба да се модернизира, а од друга страна треба да ги чува основните вредности на православното Хрисијанство, со што ќе даде директен придонес во борбата против Христијанскиот фундаменталзам.
Фактор: Која е пораката ќе биде испратена од конференцијата?
Матевски: На конференцијата ќе бидат детектирани клучните фактори кои се причина за латентните и отворени воени конфликти во светот, и ќе се дадат јасни препораки како истите да се спречат и да се разрешат. Со тоа релгиската и политичка елита во светот ќе добие чиста слика како принципите за религиски дијалог и соработка да се имплементираат, наместо обичните популистички фрази особено на политичката десница во Европа, која манипулира со христијанските вредности како стока во неолибералниот капитализам.
Можеби ќе ве интересира
ЕВЕ КОИ СЕ И ОД КАДЕ ЗАБОЛЕНИТЕ ОД МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ: Се чека заседавање на Комисијата за заразни болести

ОЈО БАРА ПРИТВОР ЗА ПОРАНЕШНИТЕ ДИРЕКТОРИ НА ОНКОЛОГИЈА - за кривичните дела за кои се товарат следуваат високи казни

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ СЕ ПОФАЛИ: „Не само што не ги забораваме туку и се трудиме да опфатиме што поголем број на државни патишта“

„ПРИРОДНО Е ДА САКААТ АЛБАНЦИТЕ ДА ЖИВЕАТ ВО АЛБАНИЈА“: Хајредини за актуелните теми во најновото издание на „Бизнис муабети“

Недела на турската кујна - вековна традиција и изобилство од вкусови и бои

„НЕ СЛУЧАЈНО, ПРЕМИЕРОТ ГО ДИСЦИПЛИНИРАШЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНАТА“: ДУИ тврди дека Мицкоски ги презира Албанците

„ВАЖНО: БОЛЕСТА НЕ СЕ ПРЕНЕСУВА ЛЕСНО. ПОТРЕБЕН Е БЛИЗОК, ПРОДОЛЖЕН КОНТАКТ!“: Д-р Даниловски со детали, еве како да се заштитите од мајмунски сипаници

„ПАРТНЕРСТВОТО ПОДДРЖУВА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КЛУЧНИ ИНФРАСТРУКТРУНИ ПРОЕКТИ“: Британската амбасада по потпишувањето на договорот

ЗМИИ ВО КАРПОШ: Општината се зафати со решавањето на овој проблем
