26 Декември, 2024
0.0285

Матис обвини дека Москва финансира проруски групи со цел неуспех на референдумот

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Гласањето на референдумот е важно за придвижување на иднината на Македонија и граѓаните треба да ја искористат демократската можност и одговорност, изјави денеска американскиот секретар за одбрана, Џејмс Норман Матис при посета на Македонија. 

Според него, нема сомнение дека Москва финансира проруски групи во Македонија со цел неуспех на референдумот за името на земјата. 

Тој вели дека земјата се наоѓа пред уникатна можност. Рече дека Договорот од Преспа заедно со клучните реформи кои се спроведуваат го отклучиле процесот за влез во НАТО.

„Ние сме подготвени да ве примиме во НАТО како 30 земја членка доколку решите да го изберете тој пат“ - рече Џејмс Норман Матис. 

Тој  беше пречекан со највисоки почести и на заедничката прес- конференција со премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Владата на Македонија порача дека членството во НАТО значи економски просперитет, странски инвестиции и безбедност, а Македонија ќе добие еднакво место во најуспешната воена алијанса во историјата. 

За Република Македонија интеграцијата во НАТО и ЕУ нема алтернатива, изјави премиерот Зоран Заев. 

Тој во своето обраќање истакна дека посетата на секретарот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Џејмс Матис, доаѓа во еден исклучителен период, кога граѓаните на Македонија се подготвуваат на најдемократскиот начин, на референдум, да го дадат својот глас за прифаќање на договорот со Грција од Преспа, а со тоа и за нашето членство во ЕУ и НАТО.

Заев, изјави дека нема докази за руско влијание во земјава.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија

ВЕЌЕ СЛУШНАТИ ФРАЗИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПРЕДИЗБОРНАТА ФРАЗЕОЛОГИЈА: Ванковска за говорот на претседателката

ВЕЌЕ СЛУШНАТИ ФРАЗИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПРЕДИЗБОРНАТА ФРАЗЕОЛОГИЈА: Ванковска за говорот на претседателката

ТОА ШТО ВЕЧЕРВА НЕМА ЖРТВИ Е ЧИСТА СРЕЌА: Салиу со хаотична приказна за неговите колеги и камион на Македонија пат....

ТОА ШТО ВЕЧЕРВА НЕМА ЖРТВИ Е ЧИСТА СРЕЌА: Салиу со хаотична приказна за неговите колеги и камион на Македонија пат....