Маж демнел и тепал жена во Велес
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2025 15:38
Maж е осомничен за демнење и насилство врз жена во Велес.
Постапувајќи по поднесена кривична пријава од полицијата, Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 59-годишен велешанец, осомничен за кривично дело – Демнење од член 144-а став 2 во врска со став 1, како и продолжено кривично дело Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
„Од преземените предистражни дејствија произлегува дека осомничениот, кој бил во интимна врска со жртвата, ја демнел последните неколку месеци, се мешал во нејзиниот личен живот, проверувал со кого комуницира и се дружи жртвата, каде излегува, ја навредувал и психички ја вознемирувал. Со тоа кај неа предизвикувал чувство на несигурност, вознемиреност и страв. На 18 септември, во повеќе наврати во текот на целиот ден, вршел грубо насилство врз жртвата и притоа телесно ја повредил, и тоа еднаш на работното место, а потоа трипати доаѓал во нејзниот стан каде насилно влегувал. Ценејќи ги сите околности, особено фактот дека осомничениот работи заедно со жртвата, неговата упорност физички да ја напаѓа и малтретира во еден ден, како и фактот дека претходно не му се определени привремени мерки за заштита од семејно насилство, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на неговите насилнички дејствија“, велат од ОЈО.
Воедно, поради неговото занимање и важечка документација за премин на државната граница, тој е во можност да се даде во бегство, па до Основниот суд во Велес, надлежниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и ја определи мерката.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




