16 Декември, 2025
0.0397

Мажи во здолништа протестираат против насилството врз жени во Турција

Објавено во: Балкан 24 Февруари, 2015 20:10

Добивај вести на Viber

Илјадници мажи, облечени во женски здолништа маршираат низ улиците во Истанбул, во знак на протест поради насилството врз жените во Турција. Револтирани од бруталното убиство на 20-годишната Озгечан Аслан, организаторите на маршот велат дека протестите ќе продолжат и во текот на неделата, а веќе им се приклучуваат и жени и деца. На младата девојка ѝ беше одземен животот, пред две недели, откако возачот на автобусот се обидел да ја силува, а откако не успеал, ја претепал и ја избодел со нож. Наоѓањето на нејзиното тело во реката во градот Мерсин, го дигна населението на нозе и предизвика протести речиси во цела Турција какви што досега немало. Основана е и фондација ,,Ние ќе ги запреме убиствата на жените”, која ќе има за цел да го спречи насилството врз жените во било која форма. Од Асоцијацијата за правата на жените пак, велат дека во Турција скоро секоја жена е осудувана и изложена на насилство. Според нив, таму сѐ уште владее мислењето дека местото на жените е само во домот и покрај децата.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени