„МЕ ТЕРААТ ДА СТАВАМ НЕКОМУ 10-КА, А ТОЈ НЕ ЗНАЕ НИ ЗА 6-КА: Пријател на загинатиот Васко открива зошто нашиот научник си заминал од Македонија
Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2024
Меѓу загинатите во несреќата на Железничката станица во Нови Сад, кога бетонската натстрешницата се урна, е и нашиот научник, Васко Саздовски.
Саздовски беше сопруг и татко на две деца, но и врвен научник за кој пошироката јавност немаше слушнато пред трагедијата.
По неговата трагична смрт, не престанаа реакциите на социјалните мрежи, а сега се огласи и Митко Јованов Цвај, пријателот на Саздовски, кој на својот Фејсбук профил откри зошто 45-годишниот професор од Свети Николе, си заминал од нашава земја и почнал да работи на Институтот за роботика во Нови Сад.
Некои такви инженери те убија
Е жална Македонијо.... Зарем не можеше како квачка под своите крила да ги заштитиш и белите и црните пилиња... Сите се твои.... Научници од таков ранг а патуваат со воз, со градски, и... не се срамат. А некои со високи позиции.. министри, раководители и што ли не знам и самите не знаат од каде им е дипломата, а имаат лични шофери... Сакам, а, не можам да премолчам, од почит кон Васе... ...го сретнав и го прашав како е како професор на Електро факултет во Штип... Ми рече... Чичо Мите си дадов отказ... Не можам... Ме тераат на некого да му пишам десетка а тој не знае за шестка... Ова лудило ќе помине и тој инженер ќе направи некој пропуст и тогаш некој паметен ќе праша кој професор го пуштил на испит... Ќе види,Васко... Не, не можам, подобро ќе мизерувм. Е Васе, лесна ти земја, но некои такви инженери те убија. За жал и ден денес имаме хипер продукција на такви инженери. Васе со сета почит, некогаш, некаде горе, ќе муабетеме пак, до тогаш СЛАВА ТИ и лесна ти земја!
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.