19 Декември, 2025
0.0419

Мециновиќ: Мора да се реобмислат автобуските линии, нашата платформа е пружање на јавен интерес

Објавено во: Македонија 23 Август, 2025 20:35

Добивај вести на Viber

Во изминатите 24 часа ми се приклучуваат активисти кои се видни во своето поле на интерес во Град Скопје, експерти кои веќе го составуваат нашиот тим кој ќе биде составен од луѓе кои работат во самите претпријатија, луѓе кои се експерти во својата фела. Над овие луѓе кои се креативниот потенцијал на Скопје само треба да се тргнат политичките пранги и политичкиот притисок, за да можат да дишат и да функционираат и да создаваат прилики кои можат, а тоа се приликите кои им се потребни на нашиот град, вели кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ во гостување на Сител.

„Јас бев член на Советот на Град Скопје и јас увидов дека три години, единственото нешто што беше константа е приватниот интерес на раководствата на партиите кои го имаат менувано тоа кормило“, рече Мециновиќ. 

Вели дека како кандидат произлегол преку процес на евалуација во партијата. Смета дека има доволно искуство и во Советот на Скопје, но и дека како пратеничка група во Собранието успеале да го вратат парламентаризмот. 

„Доколку побрзо влеговме во санирање на проблемите од кога повикуваме, уште од 2022 година повикувавме за проблемите со јавниот превоз, можеби ќе се санираа проблемите и немаше да е до овде до каде што е. Зошто Амар Мециновиќ, тоа е одлука на партијата, но кога веќе сум тука, на оваа позиција, јас повторно ќе нагласам, нашата поента не е да се претставиме како сезнајковци, затоа што обично во Македонија политичарите се сезнајковци, тие имаат исполнето, не знам, мојот противкандидат имаше исполнето 170 проценти од неговата програма, зошто се совршените луѓе. Не, апсолутно не. Нашата поента е да пружиме платформа на јавен интерес, со која ќе може да се поистоветат сите граѓани со кои ги делиме истите проблеми“, вели Мециновиќ. 

Според него, мора да престанат да се деградираат услуги кои ги дава Градот. 

„Зошто да даваат концесии за паркинг на трговски центри, кога ние имаме свое претпријатие, Градски паркинг. Скопско претпријатие. На кого тоа советот му дава конкуренција, на претприетието кое го има основано“, додаде Мециновиќ.

Кандидатот на Левица вели дека БРТ концептот за јавен превоз е добар, но е само еден дел. Додава и дека прво мора да се среди автобускиот превоз, а откако ќе се направи реобмислување на линиите, да се даде алтернативен јавен превоз.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот