МЕДВЕДЕВ ДО ТРАМП: Ќе биде погоден и вашиот проклет Вашингтон
Објавено во: Свет 21 Октомври, 2024
Oткако екс американскиот претседател Доналд Трамп рече дека му се заканил на рускиот лидер, Владимир Путин дека во случај на негов напад на Украина, тој ќе ја нападне Москва, му одговори поранешниот руски претседател Дмитриј Песков.
Тој смета дека Трамп се „занесол малку“.
„Поранешниот американски претседател Доналд Трамп сигурно не се заканил со никакви „напади врз Москва“ во неговиот дијалог со рускиот лидер Владимир Путин“, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, пренесува Спутник.
Тој се осврна на медиумските извештаи дека Трамп изјавил на состанокот со уредниците на „Волстрит журнал“ дека наводно му се заканил на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе изврши напад врз Москва доколку Русија ја „прогони Украина“.
„Трамп се занесе. Дали навистина зборуваше за „напад на проклетата Москва“? Секако дека не. Обично е питом во преговорите. И постои само еден одговор на таквите зборови: ќе биде погоден и вашиот проклет Вашингтон. Генерално, нашите односи со него се прилично топли“, напиша Медведев на социјалната мрежа „Икс“.
Трамп често повторува дека тој да бил на власт, Русија немало да ја нападне Украина. Инаку, Украина го претстави својот план за победа, а една точка во него е и членство во НАТО. Украинскиот претседател поставил услов, или членство во НАТО или нуклеарно оружје. Инаку, руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. Се очекуваше дека Украина брзо ќе капитулира, но тоа не се случи до ден денес.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.