19 Декември, 2025
0.3887

Меџити: И ВМРО-ДПМНЕ преговараше за двојазични пари, униформи и платформата

Објавено во: Македонија 11 Март, 2017 07:20

Добивај вести на Viber

Потпретседателот на ДУИ и градоначалник на Чаир, Изет Меџити повторно пред јавноста открива дел од преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за состав на влада кои пропаднаа практично во последен момент, а дотогаш се преговарало за барањата од албанската платформа.

Меџити во емисијата „Топ Тема“ на Телма потврди дека ВМРО-ДПМНЕ преговарале цело време со ДУИ за Платформата, а единствено не се договориле за Законот за заштита на сведоци и за продолжување на рокот на СЈО.

– А што правеа ВМРО-ДПМНЕ 20 дена со нас? Преговараа за Платформата и времето тоа ќе го покаже како точно. Преговараа и за униформите и за парите да бидат двојазични – рече Меџити.

Може некој да освои и 80 пратеници и залудно ќе му е, нема да може влада без Албанците да направи. Интенцијата е да се затворат тематските прашања од Рамковниот договор и на следните избори да се занимаваме со еконсмски прашања, нагласи Меџити.

Доколку ова е вистина и има докази тоа значи дека долго време ВМРО-ДПМНЕ не ја отфрлиле како што сега ја нарекуваат платформата од Тирана која според нив е директна закана за унитарниот карактер на земјата и води кон албанизација и федерализација, а е изборна измама кон граѓаните. 

Додека ВМРО-ДПМНЕ водеше преговори со ДУИ и до истекот на рокот од мандатот се тврдеше дека е постигнат договор, дека бил изготвен предлог закон за употреба на албанскиот јазик, но потоа Ахмети се предомисли. Високи претставници на ДУИ во изминатите денови тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ прифатиле се освен СЈО. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината