09 Декември, 2025
0.0336

МЕЏИТИ ОРГАНИЗИРАШЕ ПРИЕМ ПО ПОВОД 24 ГОДИНИ ОД ПОТПИШУВАЊЕТО НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР: „Не можеме да се избегнуваме едни со други“

Објавено во: Македонија 13 Август, 2025 07:30

Добивај вести на Viber



Охридскиот договор не е само политички документ. Тој е визионерски акт, историски договор меѓу заедниците кои живеат во оваа земја, посветеност за изградба на држава во која секој се чувствува еднаков, претставен и почитуван, порача синоќа првиот вицепремиер во Владата Изет Меџити на одбележувањето 24 години од Рамковниот договор.

Овој договор, рече тој, стави крај на вооружениот конфликт и ги постави темелите за нов соживот врз принципите на демократија, инклузивност и меѓусебно почитување.

-Денес сме собрани овде за да се потсетиме и да оддадеме почит на еден од најзначајните настани од нашата понова историја Охридскиот рамковен договор, кој пред 24 години стави крај на еден болен конфликт и ја отвори патеката кон побезбедна и поправедна иднина за сите граѓани на нашата земја, истакна Меџити.

Според него, август носи длабока симболика, а тоа, како што рече се Илинден и Охридскиот договор кои се два темелни камена на современата државност на Република Северна Македонија.

-Тоа се два датума кои не треба да живеат само во календарот, туку и во нашата колективна свест. Тие нè потсетуваат дека само преку заеднички напори, жртва и дијалог можеме да изградиме функционално, праведно и демократско општество, потенцира првиот вицепремиер.

За Охридскиот договор  рече дека не е само политички документ и дека Албанците и Македонците, но и сите други етнички заедници, не се само делови од една држава, туку дека сите се нејзини соосновачи.

-Не можеме да се избегнуваме едни со други, ниту треба да се обидуваме. Повикани сме да живееме заедно, да создаваме заедно, да ги делиме одговорностите и успесите, да градиме заедничка иднина за генерациите што доаѓаат. Ова не е обврска, ова е историска можност, нагласи Меџити.

Тој потсети и најави дека се ближат локалните избори и дека било природно во секое плуралистичко општество, политичките тензии да се зголемат, но и дека имаат обврска преку институционална зрелост и политичка одговорност да го зачувааат единството и стабилноста. Порача дека граѓаните очекуваат одговорност и работа и најави посветеност во остварување на тоа.

На приемот присуствуваа претседателот на Владата Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши, министри, претставници на дипломатскиот кор и други лица од политичкиот и општествениот живот во земјата. 

Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна на тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери. Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. Во разговорите што започнаа во јули во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, беа консултирани повеќе советници и експерти. 


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ - Ѓавато и Пресека под магла

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ - Ѓавато и Пресека под магла

„Проектите без економска логика не носат развој, туку најчесто значат корупција“: професорот Трајковски со остра критика

„Проектите без економска логика не носат развој, туку најчесто значат корупција“: професорот Трајковски со остра критика

По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство

По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство

ЕВЕ КАКО ТЕЧЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Николоски сподели видео на социјалните мрежи

ЕВЕ КАКО ТЕЧЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Николоски сподели видео на социјалните мрежи

Охриѓанец по кого се трагало неколку дена е пронајден мртов

Охриѓанец по кого се трагало неколку дена е пронајден мртов

СПОРЕД СДСМ РАБОТАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА - СПОРЕД ВМРО НЕМА ДОКАЗИ: случајот со фирмата поврзана со Томовски и денеска бранува

СПОРЕД СДСМ РАБОТАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА - СПОРЕД ВМРО НЕМА ДОКАЗИ: случајот со фирмата поврзана со Томовски и денеска бранува

„МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ПУНКТ НА ТУЃИ МИГРАНТСКИ ПОЛИТИКИ“: Арсовска сподели видео за темата која бранува деновиве

„МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ПУНКТ НА ТУЃИ МИГРАНТСКИ ПОЛИТИКИ“: Арсовска сподели видео за темата која бранува деновиве

„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски

„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски

Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак

Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак