МЕЏИТИ: Тројца до четворица пратеници може да преминат од Европскиот фронт во новото парламентарно мнозинство
Објавено во: Македонија 30 Мај, 2024
Тројца до четворица пратеници може да преминат од Европскиот фронт во новото парламентарно мнозинство, изјави за ТВ21 Изет Меџити од коалицијата „Вреди“. Според него, двајцата пратеници на турската заедница немаат потенцијал да останат во опозиција, а потребна им е како што вели топлата рака на Владата. Меџити вели дека преговара со пратеници Албанци од Европскиот фронт.
„Многу е логично да започне трансфер од овој Фронт. Може и повеќе од тоа што го спомнав, 3-4 пратеници. Не очекувам реакција веднаш“, рече Меџити.
Очекува да се формира Влада и тогаш вели дека ќе почнат процесите.