19 Март, 2025
0.0363

МЕЃУ НАЈАГРЕСИВНИТЕ РАСИ КУЧИЊА И „БУЛМАСТИФ“: Со 12-годишниот Дачес имало уште две кучиња во дворот во Пинтија

Објавено во: Македонија 13 Април, 2023 18:45

Добивај вести на Viber

Поради сомневањето кое е во природата на расата булмастиф кон странци социјализацијата и тренирањето клучни на рана возраст, пишува американската ветеринарна компанија Hillspet.

Според пишувањата на социјалните мрежи, детенцето од Пинтија било нападнато од 12-годишниот Дачес, но во дворот имало уште две кучиња од истата раса. На сопственикот Н. Г. одземени му се две, Дачес и уште едно кое е старо две години, исвести вчера АХВ, бидејќи од увидот, како што наведе Авгенцијата за храна и ветеринарство е утврдено дека во нападот учествувале две кучиња.

Инаку, неодамна во групата Миленици мк на Фејбук, беше објавено кои се најагресивните раси на кучиња, а меѓу нив е и булмастиф, токму кучето кое го уби осумгодишното момче.

-Питбул, Американски Питбул Териер (Були XL), Боксер, Француски Булдог, Стафордшајр Териер, Булмастиф, Бостон Териер и Бул Териер се раси на кучиња кои спаѓаат во категоријата на Були (Малтретатори) - раси кои се со векови парени и тренирани за агресија. Според светската статистика, 83% од нападите и убиствата од кучиња се случуваат токму од горенаведените раси.

Ви го препорачувам доленаведениот американски канал, со цел и самите да се уверите колку деца и возрасни имаат обезличено и усмртено овие копнени ајкули. Ваквите раси треба да престанат да бидат парени и продавани, освен ако не посакувате да си ја набавите сопствената смрт. https://www.youtube.com/@PitBullVictimAwareness/videos, стои во објавата на Миленици мк

Инаку, за природата на булмастифот детално пишува Hillspet, и оттаму наведуваат дека оваа раса кучиња се приврзани со членовите на семејството и се со „генерално мирна, лесна природа“.

Булмастифите се нежни и приврзани со членовите на семејството. Нивната генерално мирна, лесна природа ги прави добри кучиња за семејства со разумно добро воспитани деца. Сепак, лежерниот однос на булмастифот со членовите на семејството веројатно ќе се промени кога некој странец ќе влезе во сликата. Овие кучиња имаат тенденција да бидат прилично сомнителни кон луѓето надвор од семејството.

Семејството со булмастиф ќе биде наградено со љубовен, лојален придружник. Сепак, и покрај генерално лежерната природа на кучето, надзорот е императив кога кучето е околу деца бидејќи кучето е толку големо што може ненамерно да го собори детето. Социјализацијата и обуката се клучни за успешно живеење со оваа раса. Со изложување на кучето на што е можно повеќе нови луѓе, места и ситуации, особено кога е кутре, тој може да биде помалку сомнителен кон посетителите и луѓето што не ги познава, наведува Hillspet.

Оваа раса е развиена во средината на 19 век од британски ловочувари кои имале за цел да ги заштитат селските имоти од ловокрадците. Со вкрстување на мастифот и булдогот, одгледувачите сакале да развијат моќно, активно животно кое може брзо да помине кратки растојанија, да собори ловокрадец на земја и да го држи додека не дојде ловочуварот за да го фати натрапникот. Булмастифот официјално за раса на кучиња е прифатена во 1933 година.

Анита Буховски

ФОТО: EPA/ANITA MARIC UK & IRELAND OUT

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: ОВОЈ ФИЛМ СТАНА ТАЖНАТА ПРИКАЗНА НА КОЧАНИ: Серија страшно потсетува на хоророт во „Пулс“

ВИДЕО: ОВОЈ ФИЛМ СТАНА ТАЖНАТА ПРИКАЗНА НА КОЧАНИ: Серија страшно потсетува на хоророт во „Пулс“

„НА СИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ДОСЕГА ИМ КАЖАВ, АКО ВАКА ПРОДОЛЖИМЕ, ОДИМЕ ВО БЕЗДНА“ - Пивоваров за Фактор: Корупцијата нѐ убива

„НА СИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ДОСЕГА ИМ КАЖАВ, АКО ВАКА ПРОДОЛЖИМЕ, ОДИМЕ ВО БЕЗДНА“ - Пивоваров за Фактор: Корупцијата нѐ убива

„ВРИЕ“ ОД НЕПРИЈАВЕНИ ОГНОМЕТИ: Пиротехничар вели дека тоа е куршум кој може да убие, само стручни лица смеат да ги организираат

„ВРИЕ“ ОД НЕПРИЈАВЕНИ ОГНОМЕТИ: Пиротехничар вели дека тоа е куршум кој може да убие, само стручни лица смеат да ги организираат

„ВДИШУВАЊЕТО НА ВРЕЛ ВОЗДУХ И ТОКСИЧНИ ГАСОВИ ЈА ПРАВАТ КЛИНИЧКАТА СЛИКА ПОСЕРИОЗНА“: Лекарите очекуваат компликации кај некои од пациентите

„ВДИШУВАЊЕТО НА ВРЕЛ ВОЗДУХ И ТОКСИЧНИ ГАСОВИ ЈА ПРАВАТ КЛИНИЧКАТА СЛИКА ПОСЕРИОЗНА“: Лекарите очекуваат компликации кај некои од пациентите

ЕВЕ КАКО СРБИТЕ ГИ ПРЕЧЕКУВААТ РОДНИНИТЕ НА ПОВРЕДЕНИТЕ ШТО СЕ ЛЕКУВААТ ТАМУ: „Драги Македонци, се е подготвено, има се што ви е потребно“

ЕВЕ КАКО СРБИТЕ ГИ ПРЕЧЕКУВААТ РОДНИНИТЕ НА ПОВРЕДЕНИТЕ ШТО СЕ ЛЕКУВААТ ТАМУ: „Драги Македонци, се е подготвено, има се што ви е потребно“

„РАСКАЖУВААТ НИЗ СОЛЗИ КАКО ПРЕКУ НИВ ГАЗЕЛЕ ДРУГИ ДЕЦА, БЕГАЈЌИ ОД ПЛАМЕНИТЕ“: Д-р Беќаровски ги открива сведоштвата на хоспитализираните на Токсикологија

„РАСКАЖУВААТ НИЗ СОЛЗИ КАКО ПРЕКУ НИВ ГАЗЕЛЕ ДРУГИ ДЕЦА, БЕГАЈЌИ ОД ПЛАМЕНИТЕ“: Д-р Беќаровски ги открива сведоштвата на хоспитализираните на Токсикологија

„БЕГАЈТЕ ПОБРЗО, БЕГАЈТЕ ПОБРЗО!“: „Исплива“ нова снимка од дискотеката на смртта

„БЕГАЈТЕ ПОБРЗО, БЕГАЈТЕ ПОБРЗО!“: „Исплива“ нова снимка од дискотеката на смртта

ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ СЕ ЧЕКА ДА ЗАЗДРАВАТ ЗА ДА ДАДАТ ИСКАЗ ПРЕД ОЈО: Коцевски открива нови детали од истрагата

ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ СЕ ЧЕКА ДА ЗАЗДРАВАТ ЗА ДА ДАДАТ ИСКАЗ ПРЕД ОЈО: Коцевски открива нови детали од истрагата

КАКО СНИМАЊЕТО НА ПРОТЕСТ СО ДРОН ОД 249 ГРАМА, ПРЕТСТАВУВА РИЗИК ЗА НАЦИОНАЛНАТА БЕЗБЕДНОСТ? Салиу со прашање до властите

КАКО СНИМАЊЕТО НА ПРОТЕСТ СО ДРОН ОД 249 ГРАМА, ПРЕТСТАВУВА РИЗИК ЗА НАЦИОНАЛНАТА БЕЗБЕДНОСТ? Салиу со прашање до властите