18 Декември, 2025
0.0780

МЕЃУ НИВ НЕМА ПОЛИТИЧАР: Христијан Мицкоски избра тројца личности на годината

Објавено во: Македонија 31 Декември, 2021 11:49

Добивај вести на Viber

Тие се личности кои секако имаат белег, свој придонес за процесите во земјава во 2021 година. Но за Фактор одговараат кои се според нив тројцата кои ја одбележаа годината што изминува - можеа да се личности ама може да се и компании, институции. Ова е изборот на Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Годината што изминува беше доста турбулентна и стресна за многу луѓе. Време на предизвици, промени и тежок живот. Реалниот човек ќе ја памети оваа година по проблеми, инфлации, тешки одлуки за себе и своите семејства. Во ваквото сивило има точки на силна светлина, херои кои не се од политиката, бидејќи јас таму такви не гледам, луѓе од реалниот живот кој носат надеж, позитивен дух и се примери кои мора да ги мултиплицираме. 

Од луѓето кои ја одбележаа годината е сигурно Дејан Георгиевски кој на Македонија и го донесе олимпиското сребро во конкуренција на врвни борци во Теквондо. Скромното момче од Бутел широко го развиори македонското сонце и докажа дека со силен елан, мотив и упорност се доаѓа до врвот.


Вториот би рекол тим на годината која ја одбележa годината е фудбалската репрезентација на Македонија предводена од Игор Ангеловски Мрме. Самиот пласман и настап на фудбалската репрезентација на Европското првенство беше празник за оние на кои им е важна црвено црната боја. Тоа не направи сите нас горди и беше остварена историска заложба за настап на такво првенство.


Третиот човек кој ја одбележа годината е виртуозот Симон Трпчевски кој на нозе ја крена публиката во Сан Диего, Букурешт, Софија, Порторико, Швајцарија и низ многу центри во Светот. Неговата уметност и неговата виртуозност е македонското дело кое го воодушевува секој неговото музицирање го остава без зборови.


Во годината што следи се надевам дека ќе има уште повеќе вакви примери кои ќе покажат дека Македонија умее да победува, прави промени и носи иднина.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија