Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби престижната награда за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа”
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2025 12:38
На свечена церемонија, која е дел од годишниот Самит за аеродромско искуство на ACI World, што се одржа на 10 септември во Гуангжу, Кина - Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби статуетката која ја претставува престижната награда за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2024-та година, овој пат за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“, информираат од ТАВ Македонија.
Оваа награда која, како што велат, е светски репер за квалитет на аеродромските услуги, ACI ја доделува на Меѓународниот Аеродром Скопје по 10-ти пат. За ТАВ Македонија таа е признание од патниците за квалитетот на аеродромските услуги и потврда дека посветеноста и тимската работа на аеродромскиот персонал секогаш покажуваат резултати.
-Десет пати ja добиваме ASQ-наградата од ACI World и ова признание е навистина повеќе од чест – тоа е потврда дека упорноста, посветеноста и љубовта кон нашата работа носат резултати. Ова признание е за целиот тим на аеродромот и за сите патници што секојдневно ни ја даваат својата доверба. Нашата работа продолжува – да создадеме аеродром кој поврзува, инспирира и поставува нови стандарди во квалитетот на аеродромските услуги и грижата за луѓето. Ова е само поттик да бидеме уште подобри во иднина, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Од Тав Македонија потенцираат дека ASQ - наградата е одраз на мислењата на патниците и Меѓународниот Совет на Аеродроми (ACI) и се доделува врз основа на анкетите коишто се спроведуваат на патниците во заминување.
Досега, за 2012, 2015, 2013 и 2018 Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби ASQ наградата - Најдобар аеродром во Европа во големината до 2 милиони патници, додека за 2019, 2020, 2021, 2022, 2023 и 2024 аеродромот ја доби ASQ наградата, но во големина од 2 до 5 милиони патници годишно, врз основа на порастот на бројот на патници кој автоматски овозможи да се натпреварува со таа група на аеродроми во регионот на Европа.
Во споредба со другите програми во авијациската индустрија, Програмата за квалитет на аеродромските услуги (ASQ program) е водечка светска програма за мерење на искуството на клиентите на аеродромите. Создава одредници и се заснова врз истражување во живо, преку анкети собрани на аеродромот – директно од патниците – кои го оценуваат нивното задоволство од аеродромските услуги на денот на патувањето.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




