Втора панел дискусија на dm: Грижата за себе за време на менструацијата да прерасне во месечен ритуал
Објавено во: Мои пари 13 Декември, 2024
Студентките од државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип на 12 декември беа дел од втората панел дискусија од серијата вакви интерактивни настани кои се дел од општествено одговорниот проект „Никогаш повеќе сама“ на компанијата dm дрогерие маркт. Во тренинг-центарот на Правниот факултет, тие учествуваа на панел-дискусијата „Мојот месечен ритуал: грижа за себе за време на менструацијата“, организирана со цел водење поотворена дискусија на тема менструација, во момент кога оваа тема се смета за табу.
Присутните студенти ја слушаа дискусијата помеѓу Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm дрогерие маркт; Бојана Стојменовиќ Петровска, психолог, семеен и системски советник, организациски консултант за ментално здравје и основач на „Мој Психолог“; Симона Коруновска, нутриционистка, попозната по Instagram профилот посветен на нутриционизмот „Инстанутриционист“; Викторија Панова, проектна менаџерка во СОМА – Студентски организирана медицинска асоцијација и Станела Гацова, претседателка на Универзитетското студентско собрание при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Дискусијата ја модерираше ТВ водителката Милена Антовска Станковска.
Прашањата беа посветени на проектот „Никогаш повеќе сама“, за кој Дуранска истакна дека dm дрогерие маркт останува општествено одговорна компанија која вложува напори да обезбеди подобри услови за секоја студентка. Тимот на dm дрогерие маркт е во постојан контакт со универзитетите за потпишување на новите договори за 2025 година, кога ќе се зголеми бројот на диспанзери со бесплатни хигиенски влошки на државните универзитети и ќе се реализираат голем број активности за студентките. Стојменовиќ Петровска даде свој експертски став околу грижата во деновите за време на менструацијата, кога девојките треба да бидат максимално посветени на себе и својата состојба. Во однос на исхраната, Коруновска сподели како девојките треба да се хранат во ПМС, но и за време на менструацијата, внесувајќи хранливи и здрави продукти. Панова, како студентка по медицина која еден ден ќе ги лечи пациентите, даде свое медицинско мислење за поврзаноста помеѓу меѓу физичкото, менталното и емоционалното здравје за време на менструацијата и колку е важно студентките секогаш да се информирани, но и посветени на своето менструално здравје. На крајот, Гацова зборуваше за успешноста на проектот, поддршката од УСС при универзитетот „Гоце Делчев“ и позитивните коментари кои таа ги слуша од сите студентки. Панел дискусијата помина успешно, со многу споделени убави коментари, позитивни пракси и совети, а панелистките добија и задача да одговорат на интересните прашања од публиката.
Со оваа панел дискусија започнуваат подготовките за вториот дел од проектот кој продолжува веднаш по новогодишните празници. Тогаш ќе продолжи и серијалот панел дискусии, а следниот универзитет-домаќин на ваков настан ќе биде објавен наскоро.
Кои активности се спроведоа и ќе се спроведат како дел од проектот „Никогаш повеќе сама“ на dm дрогерие маркт?
· Во тек е координација и потврда на соработка за новата 2025 година помеѓу универзитетите и dm дрогерие маркт.
· Тимот кој работи на проектот ги дефинира количините на хигиенски влошки за новата донација. Воедно, преку овој процес се дефинира и зголемување на бројот на поставени диспанзери на државните универзитети.
· Се подготвува дополнување на музичката терапија од dm дрогерие маркт, која специјално е подготвена од Bestie – најдобрата другарка на секоја девојка. Во третата Spotify плејлиста се очекува одличен избор од музички хитови, а преку моќта на музиката девојките ќе можат да ја поминат менструацијата полесно. Оваа плејлиста ќе биде објавена наскоро.
Споделивме само дел од активностите кои се во тек и ќе се спроведат во декември и јануари. Кампањата „Никогаш повеќе сама“ продолжува да биде показател на промените кога станува збор за менструацијата. dm дрогерие маркт продолжува со посветена работа на темите поврзани со менструацијата, менструалната правда и хигиена во Македонија, а промените во општеството пополека ќе стануваат се повидливи, носејќи подобри услови за секоја девојка и жена во Македонија.
ПР објава* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.