16 Јануари, 2025
0.0277

Меѓународен ден за побезбеден интернет

Објавено во: Мои пари 05 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Ризиците од користењето  интернет да се намалат со едукација на основците и средношколците, како најранлива категорија  која има пристап до интернет содржини, но и на родителите, наставниот кадар, и на целата јавност, да ги препознаат случаите  на злоупотреби. За злоупотребите на интернет, што оставаат долгорочни последици, одговорноста да се зајакнува и со законски санкции.

Такви пораки упатија учесниците на предавањето што се одржа денеска во скопската гимназија „Никола Карев“, по повод Меѓународниот денот за побезбеден интернет.

Резултатите од истражувањата што досега ги спровело Здружението, покажуваат дека 10 проценти од испитаниците се со симптоми од злоупотреби на интернет или се жртви.

- Откако ќе им се објаснат симтомите и што значат одредени работи, го кажуваат тоа.  На национално ниво кај населението  има непознавање на оваа проблематика.  Општеството во ИТ секторот се развива брзо и мора да преземаме брзи мерки за да може да ги заштитиме децата, изјави Ѓорѓиевска.

За поголема безбедност на интернет Владата формираше советодавно тело со учесници од повеќе институции и невладини организации и усвои акциски план, на база на кој во следниот период ќе се изготви национална стратегија  со европски стандарди.

-  Ќе има промени и во тоа што ќе се изработуваат  правилници на работа од страна на интернет заедницата во креирањето на веб страните, класификација на  содржините согласно возраста што се нудат на веб страниците , како и правилници за изработка на  содржини кои ќе бидат наменети за деца и млади, односно ќе се изработуваат портали каде  децата и младите ќе може да комуницираат, изјави Ѓорѓиевска, која пред средношколците од „Никола Карев“ говореше за правата и обврските на интернет, укажувајќи на сите можни ризици.

Според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, секојденвното користење интернет се повеќе носи ризици од злоупотреби, но институциите преземаат соодветни мерки.

- Со националната стратегија и активностите што се преземаат сакаме да ги информираме децата, родителите, наставниците и целата јавност дека се што се користи на интернет не е секогаш најдобро, рече Ивановски.

- Апелирам  да бидете претплазиви со кого комуницирате на социјалните мрежеи, двапати размислете што ќе поставите на вашиот профил, и дали тие слики и разговори во иднина можат да ве „гонат“, бидете претплазливи со кого се поврзувате. Се што правите на интернет има исти последици како во реалниот живот. Доколку злоупотребите нешто на интернет, легислативата е иста и ригорозна онолку  како во реалниот живот, додаде Ивановски.

Најави дека  МИОА и советодавното тело ќе спроведат кампањи за   развивање на свеста  преку кои родителите и наставниците ќе научат како да препознаат злоупотреби на децата  на интернет. Ќе се едуцираат и децата да знаат што и каде треба да пријават.

Евентуалните злоупотреби на интернет, покрај во Министерството за внатрешни работи  може да се пријават и во Здружението интернет хотлајн провајдер Македонија со пишување на адресата prijavi_na@yahoo.com. кое понатаму проследува до институциите зависно од случајот.

Можеби ќе ве интересира

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА