Мехмети за БГНЕС: Стотици илјади православни Албанци во Македонија беа асимилирани во Македонци
Објавено во: Македонија 19 Декември, 2020 11:09
Ким Мeхмети, новинар, писател и публицист, во интервјуто за агенцијата БГНЕС вели дека по Втората светска војна, стотици илјади православни Албанци во Македонија беа асимилирани во Македонци. Како што и многу од албанските манастири и цркви беа присвојувани од Македонската православна црква, како што е примерот со манастирот „Свети Јован Бигорски “кај Дебар, каде како што вели службите се вршеле на албански јазик пред Втората светска војна.
„Моите предци се молеа и во овој манастир затоа што потекнувам од Горна Река“, вели Мехмети.
Тој додава дека пред доаѓањето на Османлиите, на овие простори, сите Албанци беа христијани, но таа вистината него воопшто не го спречува денес да биде горд Албанец од муслиманска вероисповед.
„Знам дека од прво одделение па до староста, кај Македонците се градеше свеста дека да не беше српскиот братски народ, тие ќе биле „проголтани“ од Албанците и Бугарите“, изјави политичкиот аналитичар, Ким Мехмети во интервјуто за бугарската новинска агенција БГНЕС.
Вели дека некои припадници на елитата во Македонија веќе долго време се во канџите на „србизмот“.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




