Мекдоналдс останува затворен, но се бара чаре за повторно отворање, „СЈ Компани“ преговара со корпорацијата
Објавено во: Мои пари 15 Мај, 2013 20:30
Рестораните на Мекдоналдс во Македонија се привремено затворени и ќе бидат повторно отворени што е можно поскоро. Ова го соопшти „СЈ“ компанијата која од 1997 година ја има франшизата од ланецот ресторани за брза храна во земјава.
Во официјалното соопштение стои дека затварањето на рестораните е последица на околности кои се надвор од контрола на компанијата, а од која било побарано на 14 мај да ја запре работата во Македонија.
„Во моментов бараме решение кое ќе ни овозможи повторно да ги отвориме вратите на нашите ресторани, што е можно побрзо. За таа цел, се надеваме на корисни преговори со Мекдоналдс корпорацијата, кои ќе ни овозможат да ја продолжиме нашата мисија и да ги услужуваме нашите верни потрошувачи во Македонија“, стои во соопштението.
Мекдоналс во Македонија вработува над 200 лица.
Од 1997, кога се отвори првата франшиза на McDonald’s во Скопје, McDonald’s Македонија го направи овој глобален бренд достапен во оваа земја и денес обезбедува стабилно вработување за повеќе од 200 вработени. До денес, McDonald’s франшизата во Македонија, инвестираше 6,000,000€ во востпоставувањето на брендот и развојот на бизнисот, со цел задоволување на потребите на нашите потрошувачи. Жалиме за ваквиот прекин на работата и ќе ве информираме за напредокот во решавањето на проблемот, штом бидеме во можност, се вели во соопштението од СЈ Компани.Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




